Дарко Костовски: Во Љуботен и Љубанци ќе се изградат нови основни училишта (ВИДЕО)

October 1, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, упати силна порака до граѓаните, ставајќи го образованието во центарот на својот изборен програм.

Во видео обраќање, Костовски најави дека во наредниот мандат ќе се изградат две сосема нови основни училишта во населените места Љуботен и Љубанци, со што ќе се заменат старите објекти кои со децении биле во функција.

„Старите училишта ќе станат историја – време е за модерни и достоинствени услови за нашите ученици“, изјави Костовски.

Според него, во изминатите четири години Општина Бутел била пример за капитални инвестиции во образованието, со рекордни 215 милиони денари вложени во подобрување на образовната инфраструктура. Еден од главните успеси е изградбата на новото училиште во Визбегово, што е конкретен доказ за исполнување на ветувањата.

Градоначалникот Костовски исто така информираше дека, покрај изградбата на нови објекти, општината обезбедила:

  • Униформи за сите ученици,
  • Ранчиња и училишен прибор за секое прваче,
  • Целосна реконструкција на училишните дворови,
  • Современи кабинети по информатика за секое училиште.

„Нашиот фокус и во следните четири години ќе остане образованието – затоа што таму се гради нашата иднина“, потенцираше Костовски, повикувајќи ги граѓаните да се обединат околу визијата за поразвиен и пообразован Бутел.

„Продолжуваме заеднички да ја градиме Општина Бутел!“ – беше завршната порака на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентски живот со повеќе можности: Wolt како совршен баланс за младите

Следно

Тоневски најави индустриска зона во Пробиштип за економски раст

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop