Дарја Трепова обвинета за тероризам за убиството на рускиот блогер Татарски

1 min read

Според истрагата, Трепова на 2 април 2023 година, по инструкции на лица кои оперираат од територијата на Украина, однела статуетка наполнета со експлозив во кафуле во центарот на Санкт Петербург и му ја дала на воениот блогер Максим Фомин, познат под псевдонимот Владлен Татарски

Истражниот комитет на Руската Федерација побара притвор за Дарија Трепова во случајот со терористичкиот напад во кафуле во Санкт Петербург, во кој беше убиен воениот блогер Владлен Татарски.

Против Трепова е покренато соодветно обвинение, јавија руските медиуми.

Според истрагата, Трепова на 2 април 2023 година, по инструкции на лица кои оперираат од територијата на Украина, однела статуетка наполнета со експлозив во кафуле во центарот на Санкт Петербург и му ја дала на воениот блогер Максим Фомин, познат под псевдонимот Владлен Татарски. Како резултат на последователната експлозија, Фомин почина, а повеќе од 30 луѓе беа повредени.

За време на истрагата за инцидентот, органите на редот извршиле претрес во станот на Трепова во Санкт Петербург, а нејзината мајка и сестра биле сослушани. Првично беше отворено кривично дело за убиство на особено опасен начин, но подоцна беше преквалификувано како терористички напад.

Националниот антитерористички комитет соопшти дека операцијата за елиминација на Татарски ја планирале украински специјални служби и оти за нејзино спроведување биле регрутирани агенти кои соработувале со фондацијата на Алексеј Навални.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Ученици ја посетија „Лајка“ и учеа за одговорно сопствеништво

Следно

Нови случаи на труења на ученички во Иран

Latest from Blog