Данска го поддржува украинското користење на авионите Ф-16 за напади на Русија

May 31, 2024
1 min read

ПРАГА (АА) – Данска вчера соопшти дека украинската употреба на млазните авиони Ф-16 што ѝ ги испорача Данска за напад на воени цели на руска територија била во рамките на правилата на војната, објавија украинските медиуми, јавува Анадолу.

„Целосно е во рамките на воените правила, земјата што е нападната мора да биде во состојба сама да одговори“, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Расмусен за новинарите во Брисел.

Тој истакна дека Копенхаген заедно со Холандија формирал коалиција на борбени авиони за Украина во јули 2023 година, со цел да им ги даде авионите Ф-16 на украинските воздухопловни сили, како и да помогне во обуката на пилотите и техничкиот персонал за управување со авионите од четвртата генерација.

Шефот на данската дипломатија повтори дека испораката на авионите Ф-16 не е „карт бланш“ за Украина за да започне произволни напади врз Русија, туку да се искористат можностите да се ослаби руската војска со напади врз воени објекти на руска територија.

Во февруари Данска и Украина потпишаа десетгодишен договор за безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хорхе Мартин од следната сезона во Дукати

Следно

Некои за министер, некои за лидер на партија, а некои се борат за живот

Latest from Blog

Ролат од тиква и крем сирење

    Состојки: 60 грама брашно 100 грама мелени бадеми 1/2 лажичка прашок за пециво 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка цимет 1/2 лажичка мускатно оревче малку рум 3 јајца 100 грама кафеав

Пискотници се слушаат од Атина до Брисел

Грците разочарани што наметнатото име со индолентниот Договор од Нивици се користи само за надворешна употреба и во пишана кореспонденција. Дури и во странство македонските челници не ја изговараат инфантилната Заева кованица.

Дневен хороскоп за 18 декември 2025: Што ви носи денешниот ден?

Бик Стабилноста е ваш приоритет, а денешните транзити ги поддржуваат вашите материјални аспирации. Вашата интуиција за профитабилни зделки е силна, но не брзајте со потпишување. Обрнете внимание на удобноста во домот –
Go toTop