„Дали ЈО штити од кривична одговорност функционери на СДСМ и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“?

September 9, 2025
1 min read

Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува. Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна постапка, но тука застанал целиот процес и предметот се ставил во фиока. Во случајот биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен. Македонската јавност заслужува да знае, дали овој случај се држи во фиока затоа што се крие и штити некој од СДС и ДУИ, и дали со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста? Исто така, јавноста заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или пак да ги штити неговите наредбодавци од СДС и ДУИ, па затоа во изминатата година дена не е поведена ниедна постапка за нивни поранешни функционери, се наведува во соопштението на владејачката партија.

„Коцевски и ЈО да си ги оправдаат платите кои им ги даваат граѓаните и да се фатат за работа за да ги истражат сите криминални дејствија и да донесат правда, доста држат кријат во фиоки предмети за да заштитат од кривична одговорност лица блиски до СДС и ДУИ“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега

Следно

7 трикови како да трошите повеќе калории додека пешачите

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop