Дачиќ со нов наратив кон Русија и најава за можно воведување санкции, оценуваат регионалните медиуми

January 26, 2023
2 mins read

„Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш и нашата одлука ќе биде прилагодена на тоа, бидејќи секогаш ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашиот углед во светот и за граѓаните на Србија“, вели шефот на српската дипломатија во интервју за „Еурактив Србија“

Дел од регионалните медиуми во реториката на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, како и на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ препознаваат знаци за можен пресврт во еден од најцврстите надворешнополитики ставови на Белград, а кој се однесува на воведувањето санкции кон Русија поради војната во Украина.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вели дека Белград се раководи пред се од проценката што е во нејзин најдобар интерес/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

И покрај бројните критики од меѓународната заедница, пред се САД и ЕУ по ова прашање, во одговорите на Дачиќ во интервју за Еурактив Србија прв пат навестува дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции кон Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за напредок на земјата во преговорите за членство во ЕУ, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Во ексклузивното интервју за Еурактив Србија, Дачиќ рече дека Србија, која е кандидат за ЕУ ​​од 2012 година, се раководи пред се од проценката што е во нејзин најдобар интерес.

„Го осудуваме нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и така гласавме во меѓународните тела. Дали ќе воведеме санкции кон Русија е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси“,

вели тој во интервјуто.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ остро се спротивставува на воведувањето санкции на Москва поради нејзината инвазија на Украина, често нагласувајќи дека Србија ја увезува целата своја нафта и гас од Русија, но е под зголемен притисок од Западот да ја промени својата позиција.

Во октомври, тој го претстави планот од 12 милијарди евра за инвестирање во енергетската инфраструктура во текот на шест години за да се диверзифицираат и обезбедат енергетските резерви.

Дачиќ за Еурактив Србија вели дека од руската анексија на Крим во 2014 година, Србија не се приклучи на западните санкции „бидејќи проценивме дека тоа нема да биде во наш интерес“.

„Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш и нашата одлука ќе биде прилагодена на тоа, бидејќи секогаш ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашиот углед во светот и за граѓаните на Србија“,

вели Дачиќ.

Како друг знак дека наративот за Русија, која се смета за традиционален сојузник на Србија, може да се помести, медиумите го лоцираат кај српската премиерка Ана Брнабиќ, која присуствуваше на отворањето на Еурактив Србија во Белград  вечра вечер и зборуваше за „руска агресија кон Украина“.

Ова е формулација која Србија досега не ја користела. Таа, исто така, ја пофали ЕУ како најголем инвеститор и донатор во Србија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прв пат ја употреби формулацијата „руска агресија врз Украина/Фото: Архива

Дачиќ го прогласи членството во ЕУ за „приоритет на Србија“, но ја критикуваше ЕУ за одложување на проширувањето.

„Тој наратив што често го слушаме, дека Балканот би можел да создаде нови проблеми доколку е во ЕУ, е повеќе изговор бидејќи ЕУ забележа намалување на апетитот за проширување. Тоа е прашање што не носи гласови за европските политичарите и затоа тоа го маргинализираат“,

изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска негира дека е скратен буџетот на МКЦ и дека имало притисок врз ексдиректорот

Следно

Скопје ќе биде домаќин на елитен таеквондо турнир

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop