Дачиќ: Подготвени сме да работиме на имплементација на француско-германскиот предлог

January 24, 2023
2 mins read

По денешната средба со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, Дачиќ ја потврдил подготвеноста на официјален Белград „да работи на основите и спроведувањето“ на таканаречениот француско-германски план за дијалог меѓу Србија и Косово

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, истакна дека неговата посета на Брисел има за цел да го потврди европскиот пат на Србија и подготвеноста на земјата по мирен пат да ги реши сите отворени прашања, а во исто време да го заштити она што се смета за национален интерес.

По денешната средба со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, Дачиќ ја потврдил подготвеноста на официјален Белград „да работи на основите и спроведувањето“ на таканаречениот француско-германски план за дијалог меѓу Србија и Косово, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Според него, соговорниците од Брисел ја истакнале конструктивната и одговорна улога на претседателот Александар Вучиќ кога се во прашање последните разговори за дијалог и желбата на европската страна да не се занимава со решавање на честите настани на Косово, туку да се постигне договор кој ќе донесе посилни гаранции, мир и стабилност во регионот.

„Вучиќ им кажа кои се црвените линии, а тоа е членството на Косово во Обединетите нации и дека Заедницата на општини со српско мнозинство не треба воопшто да се оспорува“,

рече Дачиќ, осврнувајќи се на минатонеделниот разговор што го одржаа Претседателот на Србија со петчлена делегација која ги посети Белград и Приштина.

Дачиќ повторил дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на Србија и еден од клучните надворешно-политички приоритети.

Во одделни разговори со европратениците, Дачиќ денеска повторил дека Србија „останува целосно посветена на реформскиот процес и подобрувањето на сите сфери на општеството“, како и на „понатамошниот развој на регионалната соработка, што директно придонесува за градење меѓусебна доверба и на процесот на помирување“, охрабрувајќи го севкупниот развој и реформите на патот кон „полноправно членство во ЕУ“, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Шефот на српската дипломатија разговарал со пратеничката од Зелените Виола фон Крамон, европратениците Деметрис Пападакис и Матјаж Немец и со копретседавачот на делегацијата на Европскиот парламент во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација Алесандра Морета.

Според соопштението од кабинетот на Дачиќ, неговите соговорници „позитивно го оцениле реформскиот процес и чекорите што српската влада ги презема за усогласување на визната политика со Унијата“, но во исто време го повикале Белград за „понатамошно усогласување на надворешната и безбедносната политика“ со Брисел.

Дачиќ, како што се наведува, посочил дека Србија „нема проблем“ да се усогласи со политиките на ЕУ „во делот што не им штети на нејзините национални интереси“.

Србија во последните месеци беше под лупата на европската и американската дипломатија, која го повикува Белград да се приклучи на меѓународните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина и поради постојаните тензии со Косово, додека Вашингтон и Брисел заеднички бараат решение, инсистирајќи Приштина и Белград да постигнат постојан „правно обврзувачки договор“, посочува Хина.

Шефот на дипломатијата на Србија потврди дека во разговорот со високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност било покренато прашањето за санкции против Русија, кои Србија не ги воведува.

„Повторив дека не станува збор за вредности во однос на она што се случува во Украина, за односите меѓу Русија и Украина, туку за размислувања за прашањето за нашиот територијален интегритет и суверенитет кога станува збор за нашата позиција во други меѓународни организации и институции, односно за нашите односи со земјите кои ја поддржуваат нашата позиција кога станува збор за Косово во ОН. Меѓу другите, една од нив е Русија“,

изјави Дачиќ на новинарите на крајот од посетата на Брисел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Како е да се биде припадничка на елитните полициски и армиски единици

Следно

Пандов: Сите македонски граѓани и патриоти на 4 февруари треба да бидат во Св. Спас на гробот на Гоце Делчев, да се поклониме на херојот кој се вгради во нашата борба за државност

Latest from Blog

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop