Четвртина од 8 милиони видови на Земјата се во опасност од исчезнување

March 3, 2023
2 mins read

АНКАРА (AA)

– Дилара КАРАТАШ

Приближно 25 % од 8 милиони животински и растителни видови во светот се во опасност од исчезнување поради човечки фактори, пишува Анадолу.

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), на својата 68. седница одржана на 20 декември 2013 година, го прогласи 3 март, денот кога во 1973 година беше потпишана Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна (CITES), за Ден на дивиот свет со цел да се подигне свеста за тоа прашање.

Овогодинешната тема на Светскиот ден на дивиот свет, што секоја година се одбележува со различни активности, е именувана „Партнерство за заштита на дивиот свет“ со цел да се сврти вниманието кон ситуацијата со критично загрозениот животински свет низ светот, за да се изнајдат решенија и да се подигне свеста за негова заштита.

Во рамките на темата, оваа година фокусот е насочен кон партнерства на 3 нивоа, и тоа, меѓународно, национално и локално, со цел да се спроведат многу заеднички активности.

Според информациите до кои дојде репортерот на АА од последниот извештај на Меѓувладината научно-политичка платформа за биодиверзитет и екосистемски услуги (IPBES), 25 % од животинските и растителните видови се соочуваат со истребување.

– Удвојувањето на бројката на инвазивни видови во период од 50 години сериозно ги загрозува екосистемите 

Според објавениот извештај, факторите како што се климатските промени, загадувањето и ширењето на инвазивните видови, во период од 50 години го забрзале влошувањето на ситуацијата со директно и индиректно влијание врз екосистемите.

Околу една петтина од површината на Земјата е изложена на ризик од инвазивни видови, вклучувајќи тука и области со висока биолошка разновидност. Бројот на инвазивни видови е двојно зголемен во период од 50 години. Ова зголемување претставува сериозна закана и за локалните суштества и екосистемите.

Од друга страна, биолошката разновидност претрпе неверојатно многу во последните 50 години поради растот на економијата, зголемувањето на човечката популација и глобалната трговија. Загадувањето со пластика, особено на морињата, е зголемено за 10 пати од 1980 година досега, погодувајќи најмалку 267 видови.

86 % од морските желки, 44 % од морските птици и 38 % од морските цицачи се погодени од пластичното загадување во текот на изминатите години.

Загрозени се повеќе од 40 % од копнените и водните видови водоземци и речиси 33 % од коралите што ги формираат гребените.

Брзината на истребување на загрозените видови е најмалку стотици пати повисока од просечната брзина на истребување забележана во период од 10 милиони години.

Иако нема јасни податоци за инсектите, постоечките податоци покажуваат дека 10 % од видовите инсекти можат да се соочат со опасност од истребување.

– Приближно 500.000 видови кои живеат на копно се нарекуваат „мртви видови што се движат“ 

Меѓувладината научно-политичка платформа за биодиверзитет и екосистемски услуги (IPBES) објави дека морските и копнените екосистеми се сериозно погодени од човековото уништување.

Во извештајот се вели дека 97 % од океаните, кои покриваат приближно 70 отсто од светската површина, се под влијание на човечки фактори. Исто така, се посочува дека три четвртини од животната средина значително се промениле како резултат на човечките дејствија, а исчезнати се и 85 % од мочуриштата.

Додека факторите како што се глобалното затоплување, закиселувањето на океаните, радијацијата, загадувањето и урбанизацијата значително му нанесуваат штета на морскиот екосистем, интензитетот на овие ефекти врз животната средина може да варира во зависност од локацијата.

Покрај тоа, додека 25 % од копнените, слатководните и морските ‘рбетници, без’рбетниците и растителните групи се соочуваат со исчезнување, глобалниот интегритет на копнените живеалишта е исто така намален за 30 % поради губењето и деградацијата на живеалиштата.

Во извештајот се наведува дека на копното се загрозени околу 47 % од цицачите кои не летаат и дека се загрозени 23 % од птиците кои можеби биле неповолно погодени од климатските промени.

Во извештајот, во кој се наведува дека приближно 2 милиони од 8 милиони живи суштества на планетата живеат во морињата, се предупредува дека приближно 500.000 видови од оние што живеат на копно се „мртви видови што се движат“ и доколку нивните живеалишта не се обноват навремено, тие би можеле да исчезнат во потполност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мекалистер: Меси ќе игра за Аргентина на следниот Мундијал

Следно

Акција за одржување на атмосферската канализација во Скопје

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop