Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“

February 15, 2023
1 min read

Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка минатата недела донесе одлука за „признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“, кој е специјализиран за прашања поврзани со православните цркви.

– Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристичкото единство со епархиите во Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфириј за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната Црква на Србија и за доделување автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Патријаршиски и синодален томос од 20 мај 2022 година, се наведува во соопштението на чешко-словачката Црква.

„Ортодокстајмс“ посочува дека во соопштението на Светиот Синод на Црквата на Чешка и Словачка нашата Црква никаде не се именува како Охридска Архиепископија, име под кое беше примена во канонско единство со останатите православни црква од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј на 9 мај минатата година.

– По неочекуваното признавање на „автокефалноста“ доделена од Патријаршијата на Србија на Црквата на Северна Македонија од страна на Патријаршијата на Романија пред неколку дена и Црквата на Чешка и Словачка, исто така, го призна неканонскиот потег на Патријаршијата на Србија во врска со статусот на црквата на балканската земја, наведува порталот.

„Ортодокстајмс“ потсетува дека „Светиот синод на Вселенската Патријаршија на 9 мај објави дека ги прима во евхаристичко општење хиерархијата, свештенството и народот на оваа црква (Охридска Архиепископија) раководени од архиепископот Стефан“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џо Бајден и Џенет Јелен предупредија на економска криза во САД доколку не се зголеми лимитот на јавниот долг

Следно

Мбапе: Можеме да победиме во Минхен и да се пласираме во 1/4 финалето

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop