Челникот на руската паравоена група Вагнер се заканува со повлекување од Бахмут поради недостиг на муниција

May 5, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Јевгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група Вагнер, денес се закани дека ќе ги повлече своите борци од Бахмут, на истокот на Украина, доколку Министерството за одбрана на Русија не обезбеди уште муниција, јавува Анадолу.

„Официјално се обраќам до началникот на Генералштабот, министерот за одбрана, врховниот командант и народот на Русија. На 10 мај 2023 година ќе мораме да им ги предадеме своите позиции во Бахмут на единиците на Министерството за одбрана и да ги повлечеме единиците Вагнер“, соопшти Пригожин.

Тој додаде дека неговата група можела да го преземе Бахмут под своја контрола до 9 мај, но офанзивата е запрена поради недостаток на муниција.

„Поради недостаток на муниција, нашите загуби експоненцијално растат секој ден“, рече Пригожин.

Тој истакна дека одлучил да ги повлече единиците од Бахмут бидејќи борците на групата Вагнер во недостаток од муниција „се осудени на бесмислена смрт“.

Руските сили со месеци се обидуваат да го заземат Бахмут, транспортен и логистички центар во украинскиот регион Доњецк, кој е дел од индустрискиот регион Донбас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден загинат за време на шампионското славје во Неапол, најмалку 200 повредени

Следно

Српската полиција ги уапсила и дедото и вујкото на напаѓачот од Младеновац

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop