Бугарскиот претседател ги распиша петтите парламентарни избори за две години

February 2, 2023
1 min read

Радев ги распиша изборите откако ниту една од трите најголеми политички групи во високо фрагментираниот парламент не успеа да формира коалициска влада по предвремените избори во октомври минатата година

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го распушти парламентот и распиша вонредни избори, петти парламентарни во последните две години.

Радев ги распиша изборите за 2 април, со надеж дека гласањето ќе придонесе за ставање крај на долгорочната политичка блокада и економските проблеми во најсиромашната членка на Европската Унија.

Тој, исто така, го продолжи мандатот на привремената влада, на чело со 55-годишниот независен политичар Галаб Донев, додека новиот парламент не ја избере целосната влада.

Радев ги распиша изборите откако ниту една од трите најголеми политички групи во високо фрагментираниот парламент не успеа да формира коалициска влада по предвремените избори во октомври минатата година.

Коалицијата на десниот центар околу партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои најмногу гласови на изборите во октомври, но таа доби само 67 од 240 пратеници. Другите партии веќе подолго време ја отфрлаат можноста за соработка со Борисов, бидејќи тој е поврзан со корупција за време на неговото десетгодишно владеење.

Ниту либералната, реформистичка партија Продолжуваме со промените на Кирил Петков, исто така поранешен премиер, ниту Бугарската социјалистичка партија, петта најсилна во државата, на која Радев ѝ го даде мандатот по неуспехот на двете најсилни опции, не успеаја да обезбедат мнозинство.

Тековната политичка криза најверојатно ќе ја спречи Бугарија наскоро да се приклучи на еврозоната и Шенген зоната, како и употребата на милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ.

Политичката криза во Бугарија трае од 2020 година, кога земјата беше потресена од демонстрации против владата на Бојко Борисов, каде илјадници бараа елиминација на корупцијата и ефективна реформа на судството.

Од април 2021 година, кога се одржаа последните редовни парламентарни избори, формирањето на стабилна влада е спречено поради острата поларизација меѓу партиите и нивната недоволна сила.

Радев оттогаш назначи неколку преодни влади, а единствената во полн капацитет, предводена од Петков, беше формирана по вонредните избори во ноември 2021 година, но нестабилната четиричлена коалиција се распадна по само шест месеци, во јуни минатата година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жителите на Гази Баба денеска повторно на протест поради парното греење

Следно

Централната банка на Англија: Велика Британија влезе во рецесија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop