Бугарскиот министер за внатрешни работи денеска доаѓа во Скопје на средба со Спасовски за одбележувањето на 4 февруари

January 30, 2023
1 min read

Одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари беше оценет како настан од висок безбедносен ризик по одржувањето на седница на Советот за безбедност минатата недела

Денеска во Скопје на средба со министерот Оливер Спасовски треба да пристигне бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев. Тие ќе разговараат за она што треба да се преземе за безбедно да помине чествувањето на 4 декември – 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, за кога е најавено доаѓање на бугарски граѓани.

Покрај Демерџиев, во Скопје ќе биде и директорот на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), Пламен Тончев.

Изјави не се предвидени, а од МВР најавија дека по крајот на средбата ќе испратат соопштение за медиумите.

Одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари беше оценет како настан од висок безбедносен ризик по одржувањето на седница на Советот за безбедност на 23 јануари. Организирани структури во Бугарија, рече тогаш претседателот Пендаровски, организираат доаѓање во Скопје и станува збор за групи кои се особено активни по усвојувањето на европската преговарачка рамка во за земјава во јули лани.

„Истите овие структури се мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува“,

рече Пендаровски.

На социјалните мрежи, пак, наши граѓани почнаа да се организираат за да постават блокади на патиштата, за што министерот Спасовски посочи, пак, дека нема потреба од такво нешто бидејќи тука се институциите за да реагираат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и студено време

Следно

Приватните превозници денеска на протест пред ЈСП

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop