Бугарија тврди дека фирмата „Норта Глобал“ нема никаква врска со пејџерите, сопственикот никогаш не стапнал во Софија

September 20, 2024
1 min read

По проверките, неспорно е утврдено дека ниедна комуникациска опрема, што одговара на онаа што експлодираше на 17 септември, не била увезена, извезена или произведена во Бугарија, соопшти Агенцијата за национална безбедност (САНС).

Бугарските власти денеска соопштија дека компанијата „Норта Глобал“, со седиште во Софија, нема никаква врска со испораката кон либанската милитантна група Хезболах на комуникациски уреди што експлодираа.

Стотици пејџери и воки-токи експлодираа низ Либан во вторникот и во средата, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а ранети се речиси 3.000 луѓе.

Хезболах и неколку меѓународни медиумски организации го обвинија Израел за саботажа на електронските уреди. Израел не даде никаков јавен коментар.

„По проверките, неспорно е утврдено дека ниедна комуникациска опрема, што одговара на онаа што експлодираше на 17 септември, не била увезена, извезена или произведена во Бугарија“, соопшти Агенцијата за национална безбедност (САНС).

САНС во четвртокот објави дека покренала истрага откако унгарската веб-страница Телекс објави дека „Норта Глобал“, компанија регистрирана во Софија од Норвежанец, ги увезла уредите и потоа му ги доставила на Хезболах.

САНС соопшти дека компанијата и нејзиниот сопственик „не извршиле никакви трансакции поврзани со продажба или купување на стоката“ или дека „спаѓаат под законите за финансирање тероризам“.

„Норта Глобал“, која беше основана во април 2022 година од Ринсон Хозе, минатата година објави приход од 650.000 евра (725.000 американски долари) за консултантски активности надвор од Европската Унија.

Според в.д. премиерот на Бугарија, Димитар Главчев, случајот не може да има влијание врз надворешната политика на Бугарија.

– Компанијата е во сопственост на норвешки државјанин кој никогаш не стапнал во Бугарија – изјави техничкиот премиер.

Според него, нема потреба да се свика Советот за безбедност на Советот на министри.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палчо шокираше со изјава во судница: Не го познавам таткото на Вања, човекот е наместен од полицијата

Следно

Мицкоски најави нова обиколница во Општина Штип следната година

Latest from Blog

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување
Go toTop