Бугарија повеќе од 18 години не ги спроведува пресудите на ЕСЧП, Советот на Европа бара одговори до 16 декември

September 21, 2024
1 min read

Чекор напред е последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија се уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, оценува првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков.

Стојков, во изјава за Канал 5, посочува дека Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни мерки за избегне казни, но не успеала во тоа.

– Ова е чекор напред. Веќе од 2016 година Бугарија е ставена под засилен мониторинг и беше принудена да прави повеќе маневри за да избегне казнени одлуки. Меѓутоа во тоа Република Бугарија не успеа, напротив секоја следна одлука беше се појасна. Полека се сфати во Комитетот на министрите дека не е во прашање некои грешки од страна на македонските организации, туку случај на системска дискриминација, вели Стојков.

Повеќе години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП и не дозволува да се регистрираат здруженија на македонското малцинство во Бугарија.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својота последна одлука, објавена по кварталниот состанок за мониторинг над извршувањето на пресудите и одлуките на судот во Стразбур одржана од 17 до 19 септември, на бугарските власти им дава рок до 16 декември да даде одговор на сите овие прашања и одлучува да го продолжат испитувањето на овие случаи на нивниот состанок во март 2025 година

– Изрази жалење што, и покрај мерките усвоени од властите помеѓу 2018 и 2024 година, усвојувањето на Привремената резолуција CM/ResDH(2020)197 и последователните одлуки, повеќе од 18 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да го постигнат признавање на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрацијата главно поради поширокиот проблем на неодобрување на нивните цели; забележа, исто така, дека очигледно неконзистентната примена на формалните барања покренува прашања за правна сигурност за апликантот и слични здруженија, се вели во извештајот на Комитетот.

Во одлуката Комитетот потсетува дека оваа група случаи се однесува на неоправдано одбивање на судовите, во периодот од 1999 до 2015 година, да ги регистрираат здруженијата апликанти врз основа на размислувањата за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на другите (цели кои имаат за цел „признавање на македонското малцинство “ и наводни сепаратистички идеи) и за уставната забрана за здруженија кои остваруваат политички цели, како и неисполнување на формално-правните барања (повреда на член 11).

– Силно ги повика властите да преземат решителна акција што Комитетот ја повика во своите претходни одлуки за да се осигура дека секое ново барање за регистрација на здруженијата апликанти или слични здруженија се испитува во целосна согласност со обврската од член 11 од Конвенцијата за заштита правото на слобода на здружување, се вели во извештајот.

Во меѓувреме и македонското МНР изрази задоволство од последниот годишен Извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија”, во врска со одбивањето на Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците во државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и борбено возило на патот Краљево-Рашка

Следно

ФОТО: Мицкоски на отворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop