Бугарија ќе испрати протестна нота до македонското МНР за претепувањето на секретарот на „Цар Борис Трети“

January 20, 2023
2 mins read

Во реакцијата за нападот, бугарското МНР вели дека тој е последица на тоа што нема системски одговор од нашите власти за злосторствата над Бугарите, но и доказ дека Северна Македонија не може да ја гарантира безбедноста ниту на сопствените граѓаните. Проблемите со правата на Бугарите, според Софија, не може да се негираат од македонските власти и од меѓународната заедница и порачуваат дека тоа е неспоиво со членство на земјава во ЕУ

Амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, ќе биде повикана во бугарското МНР за да ѝ врачат протестна нота поради претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид што се случи синоќа во угостителски објект.

Од бугарското МНР порачуваат дека властите на Северна Македонија мора да преземат итни и ефективни мерки за борба против злосторствата од омраза врз Бугарите. За инцидентот, министерот за надворешни работи, Николај Милков, веќе разговарал со својот колега Бујар Османи, од кого, како што велат, добил уверување дека ќе им се даде потребната помош на локалните власти, а привремениот раководител на генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската амбасада во Скопје се во постојан контакт со повредениот.

„Бугарската држава со месеци упорно го потенцираше своето очекување властите во Северна Македонија да преземат итни и ефективни мерки против сериозната ескалација на злосторствата од омраза и манифестации против Бугарите во земјата. Бугарската страна сè уште нема добиено официјални информации за истрагата и спроведувањето на правдата во врска со последните напади, вклучително и пукањето со огнено оружје врз организацијата ’Цар Борис Трети‘ од крајот на 2022 година. За жал, нападот од 19 јануари 2023 е пример за тешките последици од системското отсуство на адекватен одговор и посветеност од страна на Северна Македонија, вклучително и неможноста да ја исполни својата главна обврска – да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани“,

пишува во реакцијата од бугарското МНР.

Понатаму, додаваат и оти очекуваат надлежните органи да преземат итни активности за откривање и изведување пред лицето на правдата и казнување на напаѓачите.

„Плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата и еднаквоста меѓу луѓето се универзални принципи кои ги врзуваат европските демократски општества. Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци на токму спротивните трендови во општеството на Северна Македонија. Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Северна Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно, тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија“,

велат од МНР на Бугарија.

Настанот, како што веќе објавивме, е регистриран во охридската полиција и тројцата напаѓачи на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид веќе се идентификувани.

„На 19.01.2023 околу 22:30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј ’Македонија‘ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид“,

соопштија претходно од МВР.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како пропадна вештачкото месо

Следно

Продолжуваат актвностите за чистење на Аеродром, исчистени депонии на неколку локации во општината

Latest from Blog

Сомнителна кеса со плински боци и запалива течност пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина

Мали плински боци и шишиња со запалива течност, содржела сомнителната кеса што утрово беше пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба, по што беа евакуирани вработените и затворена

Шведска вклучи електричен траект во јавниот превоз

Шведска направи уште еден чекор кон поодржлив јавен транспорт со пуштање во сообраќај на електричниот ферибот SWE Nova, јави Анадолија. Шведската компанија Кандела стана првиот производител на електрични фериботи што воведе таков

Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелските напади во различни делови на Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 15 Палестинци се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши врз различни делови на Појасот Газа, известува Анадолу. Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската Армија нападнала училиште
Go toTop