Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа достигна 13.000

November 20, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега достигна 13.000, од кои над 5.500 деца и 3.500 жени, соопшти синоќа Канцеларијата за медиуми во опколената енклава, јавува Анадолу.

Бројот на повредени надмина 30.000, а повеќе од 75 отсто од нив се деца и жени, се вели во соопштението.

Администрацијата соопшти дека бројот на исчезнати лица надминал 6.000, а постои сомнение дека повеќето од нив се наоѓаат под урнатините на срушените згради.

Се наведува дека целосно се уништени 83 џамии, а 166 се оштетени. Напади се изведени и на три цркви.

Повеќе од 43.000 станбени единици се целосно урнати, а 225.000 се оштетени. Ова значи дека 60 отсто од станбените единици во Појасот Газа се погодени во бомбардирањата, се вели во соопштението.

Властите соопштија дека 25 болници и 52 здравствени центра, исто така, не се во функција од почетокот на нападите. Цел на израелските сили биле и 55 амбулантни возила, а десетици амбулантни возила не се користат поради недостиг на гориво.

Администрацијата ги смета „Израел и меѓународната заедница целосно одговорни за тековните злосторства во Појасот Газа“.

Таа ја повика меѓународната заедница „да изврши притисок ставање крај на оваа војна и овие злосторства што го срамат човештвото“ и ја нагласи неопходноста од снабдување со медицинска помош, материјали и гориво за болниците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето

Следно

107 години од раѓањето на Васил Куноски, еден од авторите на првиот Буквар на македонски јазик

Latest from Blog

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4)

ТОН ЕМОЦИИ: Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул попладнево против Престон го одиграа првиот натпревар без Диого Жота во составот, откако португалскиот фудбалер во сообраќајна несреќа на почетокот на месецот го загуби животот. Сите на стадионот „Дипдејл“

Зголемени гужви на границите: На Табановце и Богородица се чека и по еден час

Зголемен сообраќаен интензитет и задржувања од околу еден час се евидентирани денеска на граничните премини Табановце и Богородица, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). Според информациите, засилената фреквенција на возила е резултат
Go toTop