Бројката на загинати во пожарот во Валенсија се зголеми на 10

February 24, 2024
1 min read

ВАЛЕНАСИЈА (АА) – Пожарникарите и полицијата досега ги открија телата на 10 лица настрадани во пожарот што зафати две станбени згради во Валенсија, пренесува Анадолу.

Пилар Бернабе, официјална претставничка на владата на Шпанија, изјави дека жртвите се идентификувани по првиот преглед на јагленисаната зграда, кој е завршен 24 часа по избувнувањето на пожарот.

„Не можеме да ја занемариме можноста од уште жртви. Ќе има уште инспекции“, изјави Бернабе.

Четири жртви се од исто семејство – татко, мајка, тригодишно девојче и новороденче, објави шпанскиот дневен весник „El Pais“.

Претседателот на владата на шпанската автономна заедница Валенсија, Карлос Мазон, изјави дека 15 лица се повредени, од кои 5 пожарникари. За среќа никој од нив не е во тешка состојба.

Пожарникарите во четгвртокот успеаја да спасат две лица кои стоеле на балконите. Еден пожарникар мораше да скокне од вториот кат бегајќи од огнот.

Експертите за шпанските медиуми изјавија дека зградите биле обложени со полиуретан – истиот материјал што бил користен за изолација на кулата Гренфел во Лондон, која изгоре во 2017 година. Во пожарот што избувна во кулата Гренфел животот го загубија 72 лица.

Сцените во двата пожари се слични – зградата и во Лондон и во Валенсија ја зафати пожар во рок од 30 минути од неговото избувнување, а се издигаа густи облаци од црн чад.

„Полиуретанот на фасадата ја претвори зградата во камин. Тоа е синтетички материјал кој овозможува добри топлотни перформанси, но е запалив“, рече за весникот „El Mundo“ проценителот на осигурувањето Хуан Антонио Диего.

Медиумите пренесуваат дека пожарот избувнал на осмиот кат и се проширил на две станбени згради во кои живееле околу 450 луѓе.

Во Валенсија е прогласена тридневна жалост, што вклучува и суспендирање на првите настани на познатиот фестивал „Las Fallas“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Променливо облачно и топло, до 19 степени

Следно

Канада воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop