Британскиот премиер најави испраќање тенкови „Челинџер 2“ на Украина

January 14, 2023
2 mins read

Засега не е прецизирано кога и колку тенкови ќе бидат испорачани, но како што пренесуваат „Би-би-си“ и „Си-ен-ен“, станува збор за 12 „Челниџер 2“ тенкови и дополнителни артилерски системи. Новинската агенцијата Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на британски медиуми, објави дека четири борбени тенкови на британската армија „Челинџер 2“ веднаш ќе бидат испратени во Источна Европа, а потоа ќе бидат испратени уште осум

Премерот на Велика Британија, Риши Сунак денеска изјави дека неговата земја ќе обезбеди тенкови од типот „Челинџер 2“ и други артилериски системи за поддршка на Украина во војната со Русија. 

Тенк „Челинџер 2“ за време на воена вежба/Фото: Википедија

Најавата од Сунак доаѓа по неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, сенаведува во соопштението од Даунинг стрит.  

Засега не е прецизирано кога и колку тенкови ќе бидат испорачани, но како што пренесуваат „Би-би-си“ и „Си-ен-ен“, станува збор за 12 „Челниџер 2“ тенкови и дополнителни артилерски системи.  

„Премиерот на Обединетото Кралство Риши Сунак ја истакна амбицијата на ОК да ја интензивира“ поддршката за Украина, вклучително и преку обезбедување тенкови `Челинџер 2` и дополнителни артилериски системи, за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата (14 јануари)“,

се наведува во соопштението од Даунинг стрит. 

Новинската агенцијата Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на британски медиуми, објави дека четири борбени тенкови на британската армија „Челинџер 2“ веднаш ќе бидат испратени во Источна Европа, а потоа ќе бидат испратени уште осум. 

Зеленски, денеска, преку објава на Твитер му се заблагодари на Сунак „за одлуките кои не само што ќе не зајакнат на бојното поле, туку и ќе го испратат вистинскиот сигнал до другите партнери“. 

 Украина со месеци се обидува да добие помоќни тенкови, вклучувајќи ги американските „Абрамс“ и германскиот „Леопард 2“, но западните лидери досега беа претпазливи околу ова прашање. 

Одговорот на западната алијанса на руската инвазија на Украина неделава доби нови димензии, откако бидејќи повеќе европски нации за првпат одговорија на повиците на Зеленски да му достават модерни борбени тенкови на Киев за борбите со руските сили. 

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, зборувајќи со украинскиот колега, Володимир Зеленски, во настапот во Лвов изјави дека се надева дека наскоро „тенковите од неколку западни сојузници наскоро ќе дојдат во Украина за да ја зајакнат нејзината одбрана“. 

Овие изјави извршија дополнителен притисок врз Германија чија поддршка, имајќи го во предвид нејзиниот тенковски арсенал, пред се тенковите „Леопард 2“, се смета за клучна. 

Тринаесет европски земји, вклучувајќи ги Полска и Финска, поседуваат вакви германски тенкови кои за да бидат пратени на Украина треба претходно да биде одобрено од Берлин. Последните сигнали од Германија се дека таа нема да го блокира таквиот чекор. 

Заменик-портпаролката на германската влада, Кристијане Хофман, рече дека зсега не добиле официјално барање од Полска или Финска за реекспорт на германски тенкови во Украина. 

Кои се перформансите на „Челинџер 2“?

„Челинџер 2“ главниот борбен тенк на британската армија, наведува „Би-би-си, во кратко резиме на неговите способности и перформанси: 

  • Тој стапи во употреба во 1998 година, а во моментов е подложен на надградби кои ќе го задржат во употреба до 2035 година 
  • Во моментов е во служба со кралските хусари на кралицата, кралските хусари на кралот и кралскиот тенковски полк 
  • Најзабележителна употреба имаше во војната во Ирак 
  • „Челинџер 2“ има четворочлен екипаж и носи главен топ пиштол од 120 милиметрии два митралези со калибар од 7,62 милиметри 
  • Неговата максимална брзина е околу 59 километри на час 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје

Следно

Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка

Latest from Blog

Азески со дипломатите во Дебар: Рударството мора да се развива со современи технологии и поголема безбедност

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со дел од дипломатскиот кор и бизнисмени од регионот, престојуваше во Дебар, каде што беа реализирани повеќе активности посветени на унапредувањето на

Љатифи: Македонскиот електропреносен систем функционира стабилно и покрај растот на обновливите извори

Македонскиот електропреносен систем во 2025 година функционирал стабилно и покрај зголемениот прилив на енергија од обновливи извори и динамичните промени на цените на регионалните пазари, вели генералниот директор на АД МЕПСО, проф.

БулМак 2016 го честиташе Денот на рударите: „Вашиот труд заслужува длабока почит“

Компанијата „Булмак 2016“ упати честитка до рударите по повод 28 август – Денот на рударите, изразувајќи почит и благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна работа во тешки услови. „Честит Ден на

Коњановски со честитка за Голема Богородица: „Нека мирот, спокојството и радоста бидат во нашите домови“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица. Во својата објава Коњановски им посака на граѓаните добро
Go toTop