Британскиот премиер ја засилува поддршката на Украина пред годишнината од војната на Путин

January 17, 2023
2 mins read

Премиерот Сунак има намера да ја забрза дипломатската и воената поддршка на Обединетото Кралство за Украина во претстојните недели, во обид да се оттурне Русија уште подалеку и да се обезбеди траен мир

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека Обединетото Кралство ќе испрати тенкови и самоодни топови во поддршка на украинската офанзива. Во пресрет на првата годишнина од војната, премиерот ја нагласи потребата од меѓународна стратегија за надминување на застојот, информираат од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

Премиерот Сунак има намера да ја забрза дипломатската и воената поддршка на Обединетото Кралство за Украина во претстојните недели, во обид да се оттурне Русија уште подалеку и да се обезбеди траен мир.

Напливот на дипломатски активности на Обединетото Кралство ќе се случува низ целиот свет оваа недела, откако премиерот им нареди на највисокиот ешалон на министри да поттикнат меѓународна акција во пресрет на првата годишнина од целосната инвазија на Украина кон крајот на февруари.

„Премиерот веќе се обврза да обезбеди еднаква или да ја надмине веќе обезбедената одбранбена поддршка на Обединетото Кралство за Украина во 2023 година и тој им наложи на министрите и официјалните претставници оваа недела да се погрижат за што е можно поголема проактивност во рамките на целиот спектар на нашата поддршка“,

се наведува во соопштението од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

Официјални лица од одбраната и безбедноста на Обединетото Кралство веруваат дека се отвори простор како резултат на фактот што Русија е во фаза на повлекување поради проблемите со снабдувањето и падот на моралот. Затоа, премиерот ги охрабрува сојузниците да ја распоредат својата планирана поддршка за 2023 година што е можно поскоро со цел да имаат максимално влијание.

Испраќањето на тенковите Челинџер 2 (Challenger 2) во Украина е почеток на промена на брзината во поддршката на Обединетото Кралство. Ескадрила од 14 тенкови ќе влезе во земјата во наредните недели, откако премиерот му кажа на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Обединетото Кралство ќе обезбеди дополнителна поддршка за помош на копнената војна на Украина.

Околу 30 AС90 (AS90), т.е. големи, самоодни топови, управувани од пет топџии ќе следат во претстојниот период.

Обединетото Кралство ќе започне со обука на украинските вооружени сили за употреба на тенковите и топовите во наредните денови, како дел од пошироките напори на Обединетото Кралство во рамките на кои илјадници украински војници беа обучени во Обединетото Кралство во последните шест месеци.

Британскиот премиер го задолжи секретарот за одбрана да ги здружи европските сојузници со цел да се погрижи за што е можно постратешка и покоординирана глобална воена поддршка. За таа цел, Секретарот за одбрана ќе отпатува во Естонија и Германија оваа недела за да работи со НАТО сојузниците и другите меѓународни партнери.

„Во меѓувреме, министерот за надворешни работи ќе отпатува во Соединетите Американски Држави кон крајот на оваа недела за да разговара за тоа како Обединетото Кралство и САД можат да ја искористат нашата позиција како водечки поддржувачи на Украина за да поттикнат понатамошна меѓународна акција“,

стои во соопштението на Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

Тие додаваат дека британскиот министер ќе отпатува и во Канада – уште еден од најверните поддржувачи на Украина – за да разговара за потесна координација околу меѓународните санкции и нашите координирани напори за зајакнување на нашата поддршка за Украина.

„Во пресрет на почетокот на втората година во која народот на Украина живее со немилосрдното руско бомбардирање, премиерот е силно посветен Украина да победи во оваа војна. Заедно со неговите најблиски воени советници, тој ја анализираше воената слика, го погледна стратешкото влијание на поддршката на Обединетото Кралство и го детектираше просторот каде што смета дека Обединетото Кралство и нејзините сојузници можат да имаат максимално влијание. Премиерот е убеден дека долгата и статична војна служи само за целите на Русија. Затоа тој и неговите министри ќе разговараат со нашите сојузници ширум светот во деновите и неделите што следат за да го засилат притисокот врз Путин и да обезбедат подобра иднина за Украина“,

изјави портпаролот на Даунинг стрит.

Во пресрет на годината од инвазијата, британскиот премиер ќе се обиде да ја демонстрира моќта на Обединетото Кралство како меѓународен катализатор со влијание во рамките на НАТО, Г7, Здружените експедициски сили и на други места, информираат од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

Тој ќе работи со партнерите со цел да ја стави Украина во најсилната позиција што ќе ѝ обезбеди да влезе во идните мировни преговори од позиција на воена, економска и дипломатска сила и да обезбеди силен и траен мир.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хуманитарна акција во Бутел: Костовски подели над 200 хуманитарни пакети

Следно

Лајен: На Украина и се уплатени првите три милијарди помош од планираните 18 милијарди евра

Latest from Blog

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“

Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Саудиска Арабија, објави новинарот Ромен Молина на социјалните мрежи. Според Молина, Винисиус и неговите застапници ги привлекуваат сумите

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Овој процес треба да биде динамичен. Секој оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството, посочи премиерот Христијан
Go toTop