Британски „Индепендент“: Светското јавно мислење се оддалечува од Израел

April 4, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот весник „Индипендент“ излезе со насловна страница на која пишува „Доста е!“ со цел да го насочи вниманието кон израелскиот напад во кој беа убиени седуммина вработени во меѓународната хуманитарна организација Светска централна кујна (СЦК), од кои тројца се Британци, јавува Анадолу.

Британскиот весник во денешното издание објави фотографија на насловната страница на која се гледа мало девојче покрај урнатините во Газа.

Во текстот со наслов „Ова мора да престане сега“ се наведува дека е погрешно што западните влади почувствувале бес дури по убиството на седумтемина меѓународни хуманитарни работници, иако дотогаш во израелските напади се убиени повеќе од 30.000 Палестинци.

„Овие седум луѓе станаа симбол на противзаконското и безобѕирното водење на оваа војна од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ова е пресвртница. Глобалното јавно мислење се оддалечува од Израел и многу луѓе се разочарани и збунети од неселективната бруталност на израелската воена машинерија. Додека светот некогаш стоеше покрај Израел во времето на болка, сега сѐ повеќе е против Израел и војната“, се вели во текстот.

Светската централна кујна (СЦК) потврди дека седум члена на нејзиниот тим се убиени во израелскиот напад во Газа. Седумтемина убиени хуманитарци се од Австралија, Палестина, Полска, Велика Британија, како и двоен државјанин на САД и Канада.

Хуманитарните работници „отпатуваа во зоната без судири со два блиндирани автомобила со логото на СЦК“, се додава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОРНИЧАВ ДЕТАЉ: Мајката на Данка го видела, таткото го застанал возилото во кое го криеле нејзиното тело и ги прашал дали ја виделе, по одговорот е јасно дека се МОНСТРУМИ!

Следно

Малата Данка била убиена, уапсени две лица

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување
Go toTop