Божиновска најавува иновации во енергетиката со поддршка од IFC

September 10, 2025
1 min read

Денеска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, оствари продуктивна средба со г-дин Марсело Кастељанос, регионален менаџер за Југоисточна Европа на International Finance Corporation (IFC), задолжен за активностите во Романија, Хрватска, Србија, Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На средбата беше дискутирано за улогата на приватниот сектор во економскиот развој на Македонија, можностите за поддршка од IFC и потенцијалните насоки на идна соработка. Особен интерес предизвикаа новините во новиот Закон за енергетика, особено во делот на современи решенија како батериски системи за складирање на енергија и развој на нови енергетски капацитети.

Министерството, заедно со IFC, ќе продолжи да бара начини како преку иновации, инвестиции и партнерства да обезбеди стабилна и одржлива енергетска иднина за државата и граѓаните.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Лондон се отвора архива за животот и кариерата на Дејвид Боуви- ќе има над 90.000 предмети

Следно

Формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop