Божиновска: Енергетското партнерство со САД преминува во фаза на реални проекти

May 4, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство во енергетскиот сектор.

Како што информира Божиновска, по потпишувањето на Меморандумот за соработка во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, следува фазата на конкретна реализација, со фокус на спроведување реални чекори, проекти и инвестиции што ќе ја зајакнат енергетската безбедност на државата.

На средбата се разговарало за можностите за соработка во развојот на гасната инфраструктура, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, како и реализација на стратешки енергетски проекти кои ќе придонесат за поголема диверзификација и регионална поврзаност.

 

Според министерката, ваквото партнерство претставува важен чекор кон создавање стабилен и одржлив енергетски систем, кој ќе го поддржи економскиот развој и ќе обезбеди сигурна енергетска иднина за земјата.

Божиновска нагласи дека државата продолжува да гради енергетска политика базирана на современи технологии и силни меѓународни партнерства.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве што прво направил Киву откако ја освои титулата…

Следно

Ново соопштение од Општина Прилеп: Важни информации за граѓаните

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop