Борисов: Го бараат мојот пратенички имунитет за да не се формира влада – не го давам

May 31, 2023
2 mins read

Како друг мотив за ситуацијата, тој ги посочува и правосудните реформи, кои, како што вели, имаа своја цена. Лидерот на ГЕРБ ги отрфла наводите на обвинителството во врска со случајот „Барселонагејт“ и вели дека ниту има ниту ќе има имот во Шпанија

Две години бев без имунитет. Сега категорично нема да го дадам, затоа што треба да си слеп за да не видиш што се случува во моментов, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов за бугарските медиуми во кулоарите на парлментот во Софија, пренесува новинската агенција БГНЕС.

бојко-борисов
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов/Фото: Архива

Вчера доцна попладне градското обвинителство на Софија му предложи на главниот обвинител на Република Бугарија да поднесе барање до Народното собрание за одземање на имунитетот на поранешниот премиер.

„Јас би почнал од вчера. Дали службите и министерот (Иван) Демерџиев вчера дознаа за мртвите души или за протекување тајни информации? Зошто вчера? За да нема влада. Зошто вчера побараа да ми се одземе имунитет, а не пред еден месец? Целта е да нема влада, јасно и прецизно“,

вели Борисов.

Прашан дали е подготвен да формира влада по секоја цена, лидерот на ГЕРБ кажа дека останува на ставот даден претходно.

„Ако ги вратите моите изјави од пред извесно време, јас реков дека треба да има влада, редовно избрано, парламентарно мнозинство, на нормална парламентарна република. Разговаравме три месеци, шест месеци, стручно, од повеќе партии и останувам на ова мислење…Денеска повторно ќе се сретнеме со Продолжуваме со промените (ПП), бидејќи хаосот во државата е веќе тотален“,

рекол тој.

Како друг мотив за ситуацијата со барањето за одземање на пратеничкиот имунитет, тој ги посочува и правосудните реформи, кои, како што вели, имаа своја цена.

„Реформите во правосудството имаат цена. Немаше никаква судска реформа од 2009 година. Во моментот кога ги донесовме законите со кои се стави надзор над државниот обвинител, одеднаш се раздвижија со голема сила. Треба да бидете слеп за да не го видите тоа. Веднаш почнаа со напад на партијата ПП за да блокираат какви било разговори, снимката протече не случајно…Две години бев без имунитет, но немаше реформи во судството, сега е донесен закон, веднаш почнаа да бараат имунитет и вчера излегоа сите информации за партијата ‘Промени’“,

нагласил лидерот на ГЕРБ.

Предлгот за одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов е подготвен во врска со предистражна постапка позната во бугарските медиуми медиумите како ‘Барселонагејт’, во која се собираат докази во врска со кривичното дело перење пари, соопшти вчера државното обвинителство на Бугарија.

Од прибраните докази во текот на предистражната постапка може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на стореното кривично дело за купување и закуп на недвижен имот во странство, додаваат оттаму.

Борисов, како што пренесува БГНЕС, денеска ги отфрлил ваквите инкриминирачки наводи, изјавувајќи:

„Не сум имал, ниту ќе имам имот во Шпанија“

Тој посочил дека со децении не ја видел и не разговарал со поранешната „Мис Бугарија“ Ивајла Бакалова која, според бугарските медиуми, е главен сведок во случајот „Барселонагејт“.

Во врска со Продолжуваме кон промените, Борисов во денешната изјава алудира на тврдењата на шефот на Државната агенција „Национална безбедност“ (ДАНС), Пламен Тончев, кој при неговиот распит на пленарна седница на бугарскиот парламент рече дека „советник на бугарски премиер го координирал ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија со македонски државјанин во текот на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со Европската Унија“ и дека за случајот е отворена предистражна постапка. Тошко Јорданов, пратеник од партијата Има таков народ на Слави Трифонов, сугерираше дека Весела Чернева е советничката против која се води предистражна постапка.

Обвинувањата против Чернева доаѓаат среде обидите за формирање редовна политичка влада по начелниот политички договор меѓу двете првопласирани групации на последните избори ГЕРБ-СДС (на Бојко Борисов) и ПП-ДБ (на Кирил Петков/Асен Василев и Христо Иванов), со што би ослабнала позицијата на претседателот Румен Радев и на неговите кадри во институциите, вклучувајќи ги и безбедносните. Пред неколку дена протече снимка од состанок на раководството на Продолжуваме со промените (ПП) на која се слушаат плановите на лидерството на партијата при формирањето влада со ГЕРБ-СДС, меѓу другото, и за смени во безбедносните служби.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Северна Кореја со неуспешен обид за лансирање шпионски сателит

Следно

Соборени 10 дронови во руската област Брјанск

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop