Борел: Србија и Косово постигнаа договор за имплементација и тој ќе биде дел од европскиот пат на двете страни

March 18, 2023
2 mins read

Анексот и договорот ќе се сметаат за усвоени со моја објава. И покрај фактот што на почетокот беше предложен поамбициозен текст, она што страните го прифатија ќе стане составен дел од нивниот пат кон ЕУ. Ние како ЕУ ќе бараме да ги исполнат своите обврски. Неспроведувањето ќе има последици

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел ѝ се обрати на јавноста по повеќе од 12 часа преговори во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Борел истакна дека Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е постигнат на 27 февруари, а денеска се разговарало и договарало како тој да се спроведе.

„Имаме договор и согласност како да го направиме тоа. Косово и Србија се договорија за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја“,

рече Борел.

Борел рече дека Договорот и анексот се сметаат за потврдени и дека ќе бидат објавени.

Тој го спомна и членот 7 од Договорот, за кој многу се разговарало за „Самоуправување на српската заедница на Косово“.

„Овој исход дојде по многу тешки преговори, не се преговара 12 часа за едноставни работи. За да се имплементира членот 7 од договорот, Косово се согласи веднаш да започне преговори со ЕУ во рамките на дијалогот за воспоставување на аранжмани за обезбедување соодветна самоуправа за српската заедница на Косово. Страните, исто така, се согласија да ја поддржат декларацијата за исчезнатите лица како што беше преговарано во рамки на дијалогот како прашање кое е итно“,

рече Борел.

Тој рече дека предложиле поамбициозен дел од договорот, но дека партиите не постигнале договор за него.

„Мислам дека тоа е затоа што Косово не беше доволно флексибилно по ова прашање и затоа што Србија претходно изјави дека нема да потпишат иако се подготвени да го спроведат тоа. Анексот и договорот ќе се сметаат за усвоени со моја објава. И покрај фактот што на почетокот беше предложен поамбициозен текст, она што страните го прифатија ќе стане составен дел од нивниот пат кон ЕУ. Ние како ЕУ ќе бараме да ги исполнат своите обврски. Неспроведувањето ќе има последици. Но секако, ако се спроведуваат, ќе имаат многу поволности страните на спогодбата“,

заклучи Борел.

Тој истакна дека се работи за просперитет и безбедност на целиот регион, па и пошироко во геополитички контекст.

„Во понеделник шефовите на дипломатиите ќе се состанат, а во четврток и лидерите на членките на ЕУ и јас детално ќе ги информирам за денешните разговори. Косово и Србија мора да ги нормализираат односите, тоа не може веќе да се избегнува, договорот и анексот се во таа насока многу важни и ние ќе работиме напорно на таа реализација“,

рече Борел.

По состанокот, Борел на Твитер објави: „Имаме договор“.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво продолжи денеска во Охрид под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на средбата беше финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најпрвин, одвоено, се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а трилатералната средба започна нешто пред 15:30 часот и заврши околу 22 часот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши трилатералната средба во Охрид- КОХА:„Постигнат договор“

Следно

Курти: Вучиќ бега од потпишување на договорот, кој значи де факто признавање

Latest from Blog

Почина и шестиот пациент од легионела- болеста се шири низ Њујорк

Вкупниот број на потврдени случаи достигна 90, објави вчера градскиот здравствен оддел, пренесува ABC News. Според официјалните податоци, од 17 јули не се регистрирани нови случаи. Во моментов, шест лица се хоспитализирани,

Да ѝ помогнеме на Теодора, 24-годишна мајка на бебенце од само 18 месеци

Започна хуманитарна кампања за собирање средства за лекување на 24-годишната Теодора Ампова од Македонија, која веќе неколку месеци води тешка битка со метастатски карцином на ректум, болест која се проширила и на

Коло Муани се враќа во Јувентус за 38 милиони евра

Рандал Коло Муани и официјално ќе стане фудбалер на Јувентус. Претходно беше објавено клубот од Торино ќе го добие напаѓачот на ПСЖ  на позајмица со задолжителна откупна клаузула.  Според Џанлука Ди Марцио, целиот

Болсонаро не смее јавно да се појавува, па настапи како аватар на митингот на син му (ВИДЕО)

Настанот предизвика дебата за тоа како вештачката интелигенција би можела да ја преобликува претседателската трка во најголемата економија во Латинска Америка, пишува Ројтерс. „Ниеден затвор нема да ја замолчи надежта што ја

Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. Со вработувањето на 300 приватни специјализанти ќе се овозможи:
Go toTop