Борел: Србија и Косово постигнаа договор за имплементација и тој ќе биде дел од европскиот пат на двете страни

March 18, 2023
2 mins read

Анексот и договорот ќе се сметаат за усвоени со моја објава. И покрај фактот што на почетокот беше предложен поамбициозен текст, она што страните го прифатија ќе стане составен дел од нивниот пат кон ЕУ. Ние како ЕУ ќе бараме да ги исполнат своите обврски. Неспроведувањето ќе има последици

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел ѝ се обрати на јавноста по повеќе од 12 часа преговори во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Борел истакна дека Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е постигнат на 27 февруари, а денеска се разговарало и договарало како тој да се спроведе.

„Имаме договор и согласност како да го направиме тоа. Косово и Србија се договорија за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја“,

рече Борел.

Борел рече дека Договорот и анексот се сметаат за потврдени и дека ќе бидат објавени.

Тој го спомна и членот 7 од Договорот, за кој многу се разговарало за „Самоуправување на српската заедница на Косово“.

„Овој исход дојде по многу тешки преговори, не се преговара 12 часа за едноставни работи. За да се имплементира членот 7 од договорот, Косово се согласи веднаш да започне преговори со ЕУ во рамките на дијалогот за воспоставување на аранжмани за обезбедување соодветна самоуправа за српската заедница на Косово. Страните, исто така, се согласија да ја поддржат декларацијата за исчезнатите лица како што беше преговарано во рамки на дијалогот како прашање кое е итно“,

рече Борел.

Тој рече дека предложиле поамбициозен дел од договорот, но дека партиите не постигнале договор за него.

„Мислам дека тоа е затоа што Косово не беше доволно флексибилно по ова прашање и затоа што Србија претходно изјави дека нема да потпишат иако се подготвени да го спроведат тоа. Анексот и договорот ќе се сметаат за усвоени со моја објава. И покрај фактот што на почетокот беше предложен поамбициозен текст, она што страните го прифатија ќе стане составен дел од нивниот пат кон ЕУ. Ние како ЕУ ќе бараме да ги исполнат своите обврски. Неспроведувањето ќе има последици. Но секако, ако се спроведуваат, ќе имаат многу поволности страните на спогодбата“,

заклучи Борел.

Тој истакна дека се работи за просперитет и безбедност на целиот регион, па и пошироко во геополитички контекст.

„Во понеделник шефовите на дипломатиите ќе се состанат, а во четврток и лидерите на членките на ЕУ и јас детално ќе ги информирам за денешните разговори. Косово и Србија мора да ги нормализираат односите, тоа не може веќе да се избегнува, договорот и анексот се во таа насока многу важни и ние ќе работиме напорно на таа реализација“,

рече Борел.

По состанокот, Борел на Твитер објави: „Имаме договор“.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво продолжи денеска во Охрид под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на средбата беше финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најпрвин, одвоено, се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а трилатералната средба започна нешто пред 15:30 часот и заврши околу 22 часот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Заврши трилатералната средба во Охрид- КОХА:„Постигнат договор“

Следно

Курти: Вучиќ бега од потпишување на договорот, кој значи де факто признавање

Latest from Blog

Гурманска хистерија во Сиднеј: Луѓе со часови чекаат во редици само поради едно јадење (ВИДЕО)

Станува збор за ресторанот Gyukatsu Kyoto Katsugyu, популарен јапонски синџир кој ги отвори своите први врати во Австралија во саботата, а е познат по своите познати панирани говедски стекови, пишува Daily Mail.

Сидни Свини во жешко издание „го урна“ интернетот- милион лајкови за 17 часа (ФОТО)

Со нејзиниот избор да се облече како змеј од популарниот анимиран филм Шрек, таа предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а фотографиите од нејзиното секси издание станаа вирални. Огнен змеј во

Nikon ZR професионална видео камера во тело на фотапарат, плус Red искуство и квалитет

Современите фото камери на Nikon од серијата Z отсекогаш биле одлични за видео, но новиот Nikon ZR додава малку магија на добро познатиот Red, специјализиран бренд за профеионално видео, и формат погоден

Рајо и Валенсија ги поделија бодовите

Во единствениот дуел денеска кој што се играше во рамките од тековното коло од шпанскиот шампионат, Примера, екипите на Рајо и Валенсија одиграа нерешено 1:1. Домаќинот во 37. минута поведе со голот

Резултатите од магнетната резонанца на Трамп се објавени

МРИ скенирањето на претседателот Доналд Трамп, извршено во октомври, „потврдува дека тој продолжува да биде во одлична општа здравствена состојба“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за време на брифингот во
Go toTop