Борел: Мал дипломатски напредок во односите со Русија

March 3, 2023
1 min read

Високиот претставник надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека видел „мал напредок“ во дипломатијата со Русија по состанокот на министрите за надворешни работи на индустриски најразвиените земји Г20 во Њу Делхи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остана во просторијата кога западните земји ја критикуваа Русија, за разлика од последниот состанок на министрите за надворешни работи на Г20 на Бали минатата година, кога тој излезе.

„Барем овој пат остана и слушаше. Ова е мало подобрување, но важно е. Мислам дека е подобро од ништо“, рече Борел.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ рече дека ќе се спротивстави на каков било обид за исфрлање на Русија од Г20, бидејќи „мораме да продолжиме да разговараме или барем да слушаме ако не зборуваме“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фрлена бомба во куќата на лидерот на „забранетата“ фракција навивачи на Партизан

Следно

Михаилов: Апасиев мери со различен аршин во Гевгелија и Богданци

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop