Борел: Договорот од јули е најдобрата зделка, не е реалистично да очекувате дека може да се репреговара

March 17, 2023
2 mins read

Да се оди нанапред значи и подобрување на односите со вашите соседи. Тука спаѓа и да се создадат услови да се усвојат уставните измени. Оваа година е клучна. Сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека, рече Борел

Според него С Македонија покажува огромна посветеност и добра подготовка да го продолжи процесот на пристапување, а клучно е да се надгради неодамнешниот успех и да се продолжи со реформите, да не се дозволи враќање наназад или одложување

За да стигнете во Европската Унија вие треба да продолжите да одите нанапред и како држава и како општество. Да се оди нанапред значи и подобрување на односите со вашите соседи. Тука спаѓа и да се создадат услови да се усвојат уставните измени. Оваа година е клучна. По договорот од јули минатата година ова е најдобрата зделка што можете да ја добиете. И не е реалистично да очекувате дека ова ќе се реотвори за нови преговори. На таа основа, вашата иднина е во Европската Унија, порача високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Тој денеска на прес-конференција, која ја одржа со премиерот Димитар Ковачевски и евроамбасадорот за проширување Оливер Вархеји, по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, рече дека да се оди нанапред значи да се продолжи со усвојување и имплементирање реформи кои воведуваат европски стандарди и кои носат конкретни политички и економски поволности за луѓето тука.

„Сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека“,

додаде Борел.

Според него, со тоа што Советот за стабилизација и асоцијација, кој е највисокиот политички форум за дијалог помеѓу Европската Унија и држава кандидат се одржува во Скопје, е за да се покаже колку ЕУ го цени прогресот што го има постигнато С Македонија на нејзиниот европски пат.

„Исто така, тоа е и знак колкаво значење му придаваме на нашиот однос со С Македонија како идна членка на ЕУ. Тоа што го одржавме овој совет е јасен знак дека ЕУ ви се приближува и ви покажува дека Западниот Балкан е и ќе продолжи да биде и во иднина клучен приоритет за ЕУ и важен дел од нашата геополитичка димензија. Минатата година во јули, врз основа на рамката за преговори која беше договорена помеѓу сите 27 земји членки на ЕУ, Северна Македонија ги отвори преговорите за пристапување. Тоа е важен ден и во историјата и на патот на С Македонија кон ЕУ. Вратите за целосно членство се сега отворени“,

додаде Борел.

Тој посочи дека јасната порака која е произлезена од овој состанок е дека иднината на С Македонија и нејзините граѓани е во рамките на ЕУ бидејќи, како што рече тој, само заедно сме доволно силни да се соочиме со предизвиците на тешката геостратешка околина во која се наоѓаме.

„Северна Македонија покажа јасна и неотповиклива поддршка за надворешната политика на ЕУ и конзистентно целосно хармонизирање со нашите позиции и одлуки вклучувајќи ги и санкциите кон Русија“,

рече Борел додавајќи дека државата покажала европско однесување и рефлектирајќи ги заедничките принципи и вредности.

Борел упати пофални зборови и за претседавањето на С Македонија со ОБСЕ, со што покажува дека е добар партнер за ЕУ.

„Но, јас знам и сите знаеме дека во исто време оваа позиција ве прави и мета на акција на непријателски дејности кон оние кои се противат на европските принципи. Дека ова доаѓа со товари. И затоа сме посветени да ви ја изградиме вашата отпорност. Го зголемивме дијалогот за справување со хибридни закани во сајбер-безбедноста вклучувајќи ја и заштитата на критичната инфраструктура. Ќе обезбедиме девет милиони евра поддршка од европскиот инструмент за мир за надградување на опремата на вооружените сили на С Македонија“,

нагласи Борел.

Според него С Македонија покажува огромна посветеност и добра подготовка да го продолжи процесот на пристапување, а клучно е да се надгради неодамнешниот успех и да се продолжи со реформите, да не се дозволи враќање наназад или одложување.

„ЕУ ќе стои до вас, ќе ве поддржи, ќе ви дава насоки и во овие тешки времиња и ќе ѝ помогне на Владата. Нашата поддршка и помош е многу поширока и е наменета за поволноста на сите луѓе. Се трудиме да изградиме заедничка иднина“,

рече Борел.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари

Следно

Телефонски разговор Путин-Алијев

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop