Бомбашот од црногорскиот суд ѝ е познат на полицијата: Бил осудуван за повеќе кривични дела

March 3, 2023
1 min read

Бомбата тој ја активирал во просторот помеѓу двете стаклени врати од влезот на судот

Фото: „Вјести“

Мажот што загина откако на влезот на Основниот суд во Подгорица, Црна Гора, активира рачна бомба е 39-годишниот Младен Булатовиќ, објавија црногорските медиуми откако во првичните информации беа наведени само неговите иницијали.

Според пишувањето на „Вјести“, тој ѝ е познат на полицијата од претходно бидејќи е осудуван за напад на полицајци, фалсификување, неовластено производство, чување и пуштање во промет опојни дроги.

Тој, според информациите од полицијата, денеска во 11:35 часот влегол на првата врата од Основниот суд и бомбата ја активирал во просторот помеѓу двете стаклени врати.

Медицинска помош по експлозијата во Клиничкиот центар на Црна Гора побарале осум лица.

Директорката на Клинички, Лилјана Радуловиќ, рече дека пет пациенти имале физички повреди, а четворица од нив ќе бидат задржани за понатамошно лекување.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Улицата „Козара“ ќе се асфалтира и по третпат

Следно

Вонредна состојба во Вануату поради земјотрес и циклон

Latest from Blog

Семинарот на АГСМ во Тирана се фокусира на состојбата на Македонската заедница во Албанија (ФОТО)

Од 4 до 7 јуни, во Тирана се одржа 29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за прв пат во Албанија и во годината кога се одбележува 30-годишнината

Откриена причината поради која Меси плачеше на историскиот натпревар!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на првиот натпревар од Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше нарушена со солзи по првиот гол. Иако Меси по натпреварот

Проданоски: Од 17 до 19 јули Прилеп ќе живее во ритамот на Пиво Фест

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави дека од 17 до 19 јули Прилеп повторно ќе биде центар на забавата и добрата атмосфера со одржувањето на 23-тото издание на традиционалниот Пиво Фестивал.

Меџити: Со забрзано темпо се гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека извршил увид во градежните работи на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, при што изразил задоволство од динамиката со која се
Go toTop