Блинкен: Ги повикувам Израел и Палестина да ги смират тензиите, мирот е единствениот пат напред

January 30, 2023
1 min read

Блинкен денеска се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека за вторник е закажана средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика Израел и Палестина да ги смират тензиите кои особено се вжештија по крвавите настани во изминатите неколку дена, потврдувајќи дека „визијата за мир“ е единствениот пат напред. И додека тој повторно остро го осуди палестинското убивање на верниците надвор од синагогата, поради што Израел е во состојба на висока готовност, Блинкен исто така го осуди славењето на тоа крвопролевање, како и повиците за одмазда.

Во четвртокот, девет Палестинци беа убиени, а 20 ранети во судирите со израелските војници во Џенин на Западниот Брег. Израел објави дека операцијата во Џенин била спроведена со цел апсење на членови на милитантната група Исламски џихад. Минатиот петок, во палестински напад врз синагога во источен Ерусалим загинаа седум еврејски цивили, меѓу кои и едно 14-годишно момче, а 10 беа ранети. Еден ден подоцна, двајца Израелци беа ранети во уште еден „терористички“ напад во Источен Ерусалим.

„Од сите зависи да преземат чекори за смирување на тензиите, наместо да ги подгреваат. Убиството во петокот беше повеќе од напад врз поединци, тоа беше и напад на универзалниот чин на практикување на својата религија. Го осудуваме тоа најостро. Исто така, ги осудуваме оние кои го слават овој чин и другите терористички акти во кои се убиени невини, без оглед на тоа која е жртвата или во што верува. Повиците за одмазда против уште повеќе цивили не се одговор“,

рече Блинкен при слетувањето во Израел.

Блинкен денеска се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека за вторник е закажана средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Во Каиро, тој повтори дека САД сè уште „цврсто веруваат дека решението со две држави е единствениот пат што води до трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт“.

Последната рунда преговори под покровителство на САД за формирање на палестинска држава покрај Израел се одржа во 2014 година. Новата влада на премиерот Нетанјаху вклучува партнери кои се противат на палестинската државност, додека контролата на палестинските територии е поделена меѓу Абас, повеќе поборници на дипломатијата и исламистичкиот Хамас чија цел е уништување на израелската држава.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири малолетници нападнати со стаклени предмети во Драчево

Следно

Украина го обвини МОК дека ja промовира руската војна против Украина

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop