Бизнис секторот со пофалба за Буџетот за 2025 година: Подобра иднина за бизнисот и раст на економијата

December 11, 2024
3 mins read

Позитивни коментари од бизнис заедницата откако вчера се донесе Буџетот за 2025 година, во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Имено, претседателот на Стопански комори Бранко Азески во вчерашното гостување во емисијата Отворено студио на МТВ на која учествуваа и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, како и претставниците од останатите стопански комори, рече дека буџетот кој го проектираше Владата е развоен и значи борба за подобра иднина за граѓаните и бизнисот.

Kонечно одиме кон таа работа, развоен буџет. Јас преставувам тука компании кои се моќни и финансиски консолидирани и они имаат потреба од раст, они се заинтересирани за нови инвестициони циклуси, а тоа со овој буџет го насетуваат дека ќе се случи. Второ, ние сите треба да бидеме максимално определени, и владата и бизнисот и сите чинители, дека отворање на нов инвестиционен циклус значи и подобар живот за граѓаните, фирмите, за државата, објасни Азески.

Според Азески дуплирана е ставката за економски политики, додавајќи дека минатата година истата била 40, а сега е 8- милиони, како и дека 250 милиони одат во локалната самоуправа, а 250 милиони евра одат во бизнисот, што според него конечно се креира развоен наместо социјален буџет.

Дуплирана е ставката за економски политики преку министерството за економија која што минатата година беше 40, а оваа година е 80 милиони низ разни програми. 250 милиони евра одат во локалната самоуправа, 250 милиони евра ќе дојдат во бизнисот итн. Ова сето зборува дека конечно е свртена страницата и е трасиран патот за формирање на развоен, на местото на социјален буџет кој што 30 години го негувавме и не ни донесе раст поголем од 1,8%, дополни Азески.

Азески нагласи дека доколку Владата е доследна и ги испочитува сите ставки во делот на отворање на нов инвестициски циклус тогаш ќе се поттикне растот на градежништвото, за кое што рече дека е моторна сила за раст на економијата.

Ако Владата е доследна и ги испочитува сите ставки во делот на отворање на нов инвестиционен циклус, ќе остане само едно прашање, а тоа е ветувањето дека 51% од градежните работи на големите проекти ќе бидат наши компании, со што ќе се поттикне растот на градежништвото кое што е моторна сила за растот на економијата и тоа ќе придонесе да влеземе во еден оптимизам кој досега го немавме, заклучи Азески.

За разлика од опозициската СДСМ која изминатиот период го критикуваше земениот унгарски креди и обвинуваше за недомаќинско работење, бизнис заедницата ја поздрави одлуката на Владата за понудените 250 милиони евра од унгарскиот заем на бизнисот со поволни услови и истакна дека толку евтин кредит под вакви услови не се случил 30 години.

Имено, претседателот на Сојуз на Стопански комори Трајан Ангелковски во вчерашното интервју во Отворено студио истакна дека тој е втора генерација во бизнис секторот во неговото семејство, не се памети да се случило да плати толку ниска камата, потенцирајќи дека кредитот според овие параметри е повеќе од поволен.

Јас сум втора генерација во бизнис секторот кај мене во семејството. Татко ми ја основа компанијата и ние во триесет и нешто години корпоративно ниеднаш немаме користено кредит за нашата фирма со рочност од 15 години. 1,95 до сега не ни се има случено да платиме толку ниска камата. Дефинитивно кредитот според овие параметри е повеќе од поволен, истакна Ангеловски.

Тој исто така сподели и лично искуство од неговата компанија која имала готов проект, но истиот стоеше во фиока, но ваквиот поволен кредит ги охрабрува да продолжат со плановите и да инвестираат.

Сега ќе кажам ситуација во нашата компанија. Ние имаме спремна градежна дозвола, спремен проект. Две или три години порадиgbb нашата субјективна процена дека може да не е вистинско време да се инвестира проектот стоеше во фиока. Овој кредит не охрабрува да ние влеземе во инвестиција неколку милионска која што, знаете секоја инвестиција носи со себе вработувања, инвестиции, нови машини, нова опрема, нови извозни аранжмани итн. Така да секоја поддршка на стопанството ние апсолутно ја поддржуваме и сметаме дека секој денар кој што ќе биде вложен во македонското стопанство ќе се врати повеќекратно, потенцираше Ангеловски.

И претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Менди Ќура исто така го поздрави ваквиот потег на Владата додавајќи дека само најавата дека ќе има 250 милиони евра за бизнисот и 250 милиони евра за општините го регулира банкарскиот пазар на каматите кои после ковид кризата беа високи.

Само најавата дека ќе има 250 милиони евра за бизнис заедницата и 250 милиони за општините се стабилизира банкарскиот пазар во делот на каматите, затоа што после ковид кризата имавме високи стапки на каматните стапки од 5,6,7% и беа огромна тежина за бизнисот. Ова е за поздравување, вели Ќура.

Инаку, минатиот месец Владата и банкарскиот сектор се договорија за каматата за парите од унгарскиот кредит наменет за бизнисот.

Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, изјави тогаш премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Божиновска на Министерски совет на ЕЗ во Австрија

Следно

Триесет дена притвор за В. Стефанов и уште седум обвинети во акцијата „Адитив“, В. Ковачевски недостапен за органите

Latest from Blog

Камион удрил двегодишно дете- родителите подготвувале погреб, кога наеднаш се случило чудо (ФОТО)

Двегодишниот Оливер Стауб, момче за кое лекарите му рекле дека нема да преживее, но кое денес ги движи рацете, нозете и шири љубов кон сите околу него. Неговите родители, Лаура и Стефан,

Мицкоски до Филипче: Во Струмица ли најде да зборуваш за морал, додека во прв ред беше Заев кој ја распродаде Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Велес, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните

Заработува 70.000 фунти неделно, а страв му е да си купи автомобил или патики!

фото: Liverpool FC (X) Ибрахим Конате, Францускиот стопер на шесткратниот европски шампион, кој моментално заработува 70.000 фунти неделно, откри дека бил „преплашен од трошење на сопствени пари“ кога пристигнал во елитниот фудбал.

Тоневски: Земјоделството е двигател на нашиот локален развој

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, како и со група земјоделци од општината. На состанокот се разговараше за актуелните
Go toTop