Битола ги избра најдобрите спортисти – Коњановски најави нови капитални инвестиции

February 18, 2026
1 min read

Битола уште еднаш ја потврди својата спортска традиција, откако по 62-ри пат се одржа манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година“.

На свеченоста присутните ги поздравија претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Сашко Павловски, градоначалникот Тони Коњановски и претставникот на Министерството за спорт и млади Илија Ристевски.

Градоначалникот Коњановски порача дека локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура, најавувајќи изградба на мултифункционален спортски комплекс, атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, центар за спорт и рекреација, реконструкција на спортската сала во Бистрица и нови училишни спортски сали и игралишта.

 

 

Најуспешни екипи
Во конкуренција на сениорски екипи:
РК „Еурофарм Пелистер“ – прво место КК „Пелистер“ – второ место
„Пелистер Волеј“ и ППК „Пелагонија“ – трето место

Беа доделени и пехари за „4-то Ноемвриската трка“, награди за најуспешни училишта во спортот, како и признанија за млади спортисти, младински екипи и спортски јубилеи.

Најдобри спортисти на Битола
Во изборот на десетте најдобри спортисти за 2025 година, врвот им припадна на:
Филип Кузмановски (РК „Еурофарм Пелистер“)
Ален Рустемовски (БК „Пелистерски јунак“)
Никола Митревски (РК „Еурофарм Пелистер“)
Леа Бошевска (Кик бокс клуб „Самурај“)

Плакета беше доделена и на семејството на Зоран Петковски за посебен придонес.
Наградите ги врачија претставници од Општината, Сојузот на спортови, Министерството за спорт и Советот на Општина Битола.

Со оваа манифестација, Битола уште еднаш го потврди статусот на еден од најспортските градови во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Во близина на Капитол уапсено вооружено момче

Следно

Проданоски го назначи Јочкоски за директор на „Водовод и канализација“ Прилеп

Latest from Blog

Проданоски го назначи Јочкоски за директор на „Водовод и канализација“ Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека Ѓоко Јочкоски е именуван за нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп. Јочкоски е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство токму во

Муцунски на министерски состанок за Коридор 8 во Тирана

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Тирана, ќе учествува на министерскиот состанок „Коридор 8 во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет
Go toTop