Бајден најави дека Израел и Либан постигнале договор за ставање крај на конфликтот

November 27, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, синоќа соопшти дека владите на Либан и Израел го одобриле американскиот предлог за ставање крај на уништувачкиот конфликт меѓу Израел и групата Хезболах, известува Анадолу.

„Договорот треба да стапи во сила в среда во 4 часот по локално време, а Либанските вооружени сили ќе бидат распоредени и ќе ја преземат контролата врз јужен Либан во следните 60 дена, при што Израел постепено ќе ги повлече своите преостанати сили“, рече Бајден во своето телевизиско обраќање.

Претседателот Бајден рече дека Соединетите Држави, заедно со Франција и другите сојузници, ветиле дека ќе соработуваат со Израел и Либан за да обезбедат аранжманот во потполност да се спроведе.

Тој додаде дека нема да има американски војници на теренот во јужен Либан, но дека, заедно со Франција и другите, тие ќе ја дадат потребната помош за да се осигури дека договорот ќе се спроведе во потполност и ефективно.

Најмалку 55 лица се убиени во израелските напади врз Либан во понеделникот, со што бројот на загинати се зголеми на 3.823 од октомври 2023 година, соопшти либанското Министерство за здравство. Вкупно 160 лица се повредени во последните 24 часа, со што бројот на повредени се искачи на 15.859.

Во последните часови се зголемија израелските воздушни напади врз либанската престолнина Бејрут и неговите јужни предградија, како и врз јужните и источните провинции на Либан, што резултираше со десетици убиени и повредени.

„Трајната безбедност за народот на Израел и Либан не може да се постигне само на бојното поле и затоа го насочив мојот тим да работи со владите на Израел и Либан за да се воспостави прекин на огнот“, додаде Бајден.

Американскиот претседател истакна дека во наредните денови САД заедно со Туркије, Египет, Катар, Израел и други земји ќе направат уште еден обид за воспоставување прекин на огнот во Појасот Газа со цел да се стави крај на израелските напади и да се ослободат заробениците.

Бајден истакна дека Вашингтон останува подготвен да склучи низа историски договори со Саудиска Арабија, кои вклучуваат безбедносен пакт и економски гаранции заедно со кредибилен пат за формирање на палестинска држава и целосна нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ, заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Следно

Гвардиола: Мораме да му помогнеме на Гвардиол (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop