Баерн Минхен подготвува парична казна за капитенот Нојер

February 11, 2023
1 min read

Баерн Минхен влезе во немирни води на стартот на новата 2023-та година поради неубедливите изданија, но воглавно поради експлозивното интервју кое го одработи капитенот на првиот тим, Мануел Нојер.

Голманот кој се рехабилитира од тешка повреда предизвика големи турбуленции во Минхен со интервјуто кое го одработи за „Алтетик“, а со кое директно ги нападна директорите и раководните структури на Баерн поради отказот кој го заработи Тони Тапаловиќ.

Нојер доста лично го прими отказот на тренерот на голманите и не го криеше своето незадоволство, односно нагласи дека го добил најбруталниот удар во својата играчка кариера.

Тешките зборови кои ги употреби предизвикаа жестока реакција и од водечките луѓе на Баерн, па продолжувајќи во тој контекст, клубот подготвува и историска парична казна за својот голман.

Иако тензијата успеала да се смири по последниот разговор кој го имале Нојер и тренерот Нагелсман во последните неколку дена, Баерн цврсто стои зад тоа дека Нојер треба да заработи примерна казна, а „Билд“ открива дека истата ќе изнесува 1,6 милиони евра.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта

Следно

Наутро студено, преку денот сончево со мала облачност

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop