АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата

January 16, 2026
1 min read

Од Агенцијата за аудио и аудиовузуелните медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измени на законската медиумска легислатива во 2023 година подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во АВМУ.

– Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година првпат официјално беа препознаени постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Овие субјекти сега подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги – се вели во денешното соопштение од Агенцијата.

Обврската, додаваат од таму, важи за оние инфлуенсери, влогери, креатори на содржини, јутјубери и слични даватели на аудиовизуелни медиумски услуги на барање, кои ги исполнуваат следниве критериуми: аудиовизуелните медиумски услуги ги обезбедуваат преку платформи за споделување видеа (на пример, „Јутјуб“, „Инстаграм“, „Тик-ток“ и слично); имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници; остваруваат економски интерес од медиумската услуга; во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 аудиовизуелни содржини; и целта е да информираат, образоваат, забавуваат и за содржините да имаат уредничка одговорност.

Критериумите подетаљно се објаснети во правилникот на Агенцијата, со кој се уредуваат формата и содржината на пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелните услуги по барање.

Со оглед на тоа што станува збор за законска обврска, Агенцијата ги повикува сите инфлуенсери, влогери, креатори на содржини и јутјубери, кои ги исполнуваат посочените критериуми, најбргу што може до Агенцијата да достават пријава за евидентирање во регистарот.

Сите релевантни документи поврзани со работењето и обврските на овие субјекти се достапни на веб-страницата www.avmu.mk, во посебниот банер „Инфлуенсери/Влогери“.

За дополнителни информации и појаснувања, заинтересираните субјекти може да се обратат до Агенцијата на е-адресата [email protected].

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БОЖИНОВСКА: MES Racing е пример за успешна практична едукација

Следно

Европска војска доаѓа на Гренланд – Белата куќа: Тоа нема да влијае на ставот на Доналд Трамп

Latest from Blog

Трамп ги прекина нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „ослободи простор“ за преговори, изјави во неделата американскиот амбасадор во Обединетите нации, откако Иран објави дека нема да нападне сè додека

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и

И Един Џеко донесе одлука за својата иднина!

Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката. Како што е наведено, сè уште има
Go toTop