Артета со засилување од Манчестер Сити за наредната сезона

May 23, 2023
1 min read

Шампионот и вицешампионот на Премиерлигата за сезоната 2022/23, Манчестер Сити и Арсенал ќе претрпат промени на средината на теренот ова лето, но се исклучува можноста фудбалер кој сега го носи „синиот“ дрес наскоро да го облече „црвениот“.

Станува збор за Икај Гундоган чиј договор истекува на крајот на сезоната и тој со сигурност го напушта „Етихад“, но и покрај тоа што прва опција за премин останува Барселона.

Германецот беше еден од клучните играчи на Манчестер Сити оваа сезона, а со оглед на неговото искуство треба да донесе стабилност и во составот на „топџиите“.

Гундоган треба да биде замена за Гранит Џака кој е пред договор со Баер Леверкузен, а покрај Германецот на „Емирати“ се очекува и пристигнување на Деклан Рајс кој конечно е слободен за заминување од Вест Хем.

Проблем за ангажман на Англичанецот сепак останува цената за која „чекичарите“ инсистираат на 150 милиони евра.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пешевски: Како синдикат на градежништво бевме приморани да го оспориме пред Уставниот суд специјалниот закон кој беше донесе за „Бехтел и Енка“

Следно

Откако Мицотакис го врати, Ципрас ќе го добие мандатот за влада, но Грција е сè поблиску со нови избори

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop