Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки

October 20, 2024
1 min read

Здружението за заштита на животни Анима Мунди денеска испрати соопштение во кое се вели дека иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје.

Според нив, што е видливо и на грозоморните видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре – се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.

„Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право?

 Кои се шансите во ЗОО Скопје, каде не е извршен увоз на ниту една птица периодов; да се пријави птичји грип, а никаде во државава да го нема? 

Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност – гуски, патки, чавки, кокошки – или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во правож

Ние во ова не веруваме додека не се излезе јавно со сериозни докази, а и доколку е точно за овој терор оправдување немажДоколку требаше да се преземат одредени мерки за спречување на евентуално ширење на птичјиот грип, тоа би можело да се реши со ставање под карантин на околината која е потенцијален ризик на изворот на вирусот. 

Несфатливо е, ако треба да се изврши евтаназија, живината претходно да не биде зашеметена со евтини гасовити анестетици како што е хлороформот, кој му е познат на секој ветеринар.

Наместо тоа, бездушно е извршена болна ликвидација на питома живина со истиснување на нивните вратови и пукање со огнено оружје, што, за уште поголем срам на цела Македонија, утре ќе се нарече хумана евтаназијаж

Повикуваме на разум, ако некој ја има и итен прекин на ова лудилож АХВ, Институт за јавно здравје, сите надлежни, бараме итно ова да запреж Бараме одговорност за сите кои наредиле и спровеле вакво умоболие врз животните“, велат од Анима Мунди.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Шапка најладно, во Демир Капија најтопло

Следно

Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање

Latest from Blog

Пикси пред нов ангажман?!

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Ете, и тоа го има. Конечно се најде клуб кој сака навистина да го ангажира Драган Стојковиќ – Пикси, некогашниот селектор на Србија. Станува збор за Рубин Казан,

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби на ова чувствително прашање од страна на дел од опозицијата, насочени кон

Општина Битола ја зголемува употребата на соларна енергија во училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија. На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на

Голема акција на полицијата низ цела Србија: ГИ КОРИСТЕЛЕ ДЕЦАТА ЗА ПОРНОГРАФИЈА!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Дирекција за технологија, Служба за борба против високотехнолошкиот криминал, во продолжение на акцијата „Армагедон“, по наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство
Go toTop