Андоновски: Државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но може да отвори јавна расправа

February 11, 2026
1 min read

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите.

На новинарското прашање Андоновски денеска рече дека нема да се оди во правец на ограничувањето на личните слободи и оти тоа треба да биде последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола.

Според Андоновски, опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе.

Министерот потсети дека минатата година во сите училишта претставен е начин на контрола преку кој родителите може да контролираат кои апликации нивните деца може да ги имаат на своите мобилни телефони и другите уреди, колку време може да поминат со нив и кои содржини смеат или не да ги следат.

Доколку постои зголемен интерес и страв од родителите Андоновски, остава простор да се дискутира.

– Сметавме дека овој е начин да ги превенираме опасностите од Интернетот, а контролата да ја задржат родителите, а да не ја преземе државата. Тоа е контролата на алатки кои се исклучително приватни. Ги користат родители, деца и би било мешање на државата во домашните работи на секое семејство. Но, доколку постои зголемен интерес од родителите и доколку постои зголемен страв, оставаме простор да продискутираме за тие прашања. Зошто да не направиме и една јавна расправа и анкета за да видиме кој е интересот и кое е размислувањето на родителите, изјави министерот Андоновски.

-Не бегаме, дополни тој, од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Така, отвораме врата за државата утре да си дозволи да забранува и тоа да биде спротивно на слободата на говорот, спротивно на слободата на изразување, зашто државата решила дека некаква алатка треба да забрани. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола,  рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски,  при посетата на прилепското Основно училиште „Кире Гаврилоски -Јане“ каде беше заокружен проектот за воспоставување Центар за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од дигитална Европа и од Европската Унија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Следно

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Latest from Blog

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка,
Go toTop