Анчелоти: Сите тренери имаат добиено отказ, освен Гвардиола

February 2, 2023
1 min read

Карло Анчелоти проговори за судбината на фудбалските тренери. Предводникот на Реал Мадрид ова го направи на прес-конференција пред одложениот натпревар од 17. коло на Ла Лига со Валенсија, која неодамна го раскина договорот со Џенаро Гатузо.

-Ова е реалноста за тренерите. Сите некогаш сме биле отпуштени, освен Гвардиола. Но, дури и Пеп ќе добие отказ еден ден ако продолжи да ја работи оваа професија. Ова ми се случи во кариерата, но се уште сум тука, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид вечер од 21 часот ја пречекува Валенсија во обид да забележи победа и да се доближи до лидерот на табелата Барселона која во моментов има осум бодови предност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екипите се на терен: Се уредува зонско паркиралиште во Аеродром

Следно

„Денови на литературата“ во книжарниците на Литература.мк

Latest from Blog

Меџити: Зеленилото од кампусот Мајка Тереза ќе се зачува и ќе се пресели во новиот парк во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека покрај инфраструктурните инвестиции и развојните проекти во општината, локалната власт посветува посебно внимание и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини. Како

ЦЕНТКОМ: Американските сили погодија повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харг

Според ЦЕНТКОМ, успешно се погодени повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харг. Претходно, иранската новинска агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека во текот на американските напади врз

Новиот Заев на Вован и Лексус е Пахлави

Руските мајтапџии го насамарија Реза Пахлави кој е изгорен на бел коњ да се врати во земјата од која во 1979 година избега неговиот татко. Му се претставиле како советници на Фридрих
Go toTop