Аморим е подготвен да му помогне на Рашфорд да ја врати својата голгетерска форма

November 27, 2024
1 min read

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим вети дека ќе му помогне на напаѓачот Маркус Рашфорд повторно да ја открие формата што ја покажа пред две сезони кога постигна 30 гола во сите натпреварувања во сезоната 2022-2023, но рече дека 27-годишниот играч мора сам да го побара тоа.

Голот на Рашфорд во неделното реми 1-1 со Ипсвич Таун во дебито на Аморим како нов менаџер на Јунајтед беше само негов втор во Премиер лигата оваа сезона. Минатата сезона постигна осум гола на 43 натпревари.

-Оваа позиција не е најдобра за него, особено во ваков натпревар, мораме да примениме висок пресинг. Ќе се обидеме да го најдеме вистинското решение за него и за другите играчи. Но, тој мора да биде Маркус пред сè за да се обиде да се врати кон тој момент, а потоа ќе ја има сета помош од персоналот, клубот и навивачите бидејќи тој е дете на Манчестер Јунајтед. Но, прво мора да го сака тоа, им рече Аморим на новинарите денеска, пред натпреварот од Лига Европа против Будо/Глимт на Олд Трафорд.

Аморим рече дека дефанзивецот Лисандро Мартинез ќе биде подготвен да игра во четврток на менаџерското деби на „Олд Трафорд“, додека дефанзивецот Хари Мегваер се вратил на тренинзите, но не е подготвен за игра.

-Лисандро е подготвен. Ситуацијата со Хари е поинаква. Ни требаат и двајцата, но тие се во различна ситуација. И двајцата тренираат. Хари ќе биде подготвен наскоро, изјави Аморим.

Мегваер заработи повреда на мускулот во ремито 0–0 на Јунајтед со Астон Вила на 6 октомври.

Триесет и девет-годишниот Аморим со нетрпение очекува да го води Јунајтед пред публиката на „Олд Трафорд“.

-Сите ми рекоа дека ова ќе биде посебно време. Јас само сакам да победам во натпреварот. Да им ја подарам таа среќа на навивачите, прокоментира Аморим.

Јунајтед е 15-ти на табелата во Лига Европа со една победа од четири натпревари, додека норвешките противници се 12-ти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирија: Судири меѓу силите на Асадовиот режим и побунетата опозиција „Тахрир ал-Шам“

Следно

Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop