Амнести интернешнел повика на акција против влошената состојба со човековите права во Авганистан

March 6, 2023
1 min read

Организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ ги повика земјите-членки на Обединетите нации да преземат акција во врска со влошената состојба со човековите права во Авганистан и да обезбедат правда за жртвите на насилството на талибанците, јави ДПА.

Радикалните исламисти незаконски апсат бранители на правата на жените, академици и активисти поради нивните јавни критики, соопшти организацијата. Многумина се произволно притворени без правна заштита или контакт со нивните семејства.

„Амнести интернешнел“ наведува и дека талибанците не сакаат или не се во состојба да ги истражат постапките на нивните поддржувачи, кои грубо ги кршат човековите права на Авганистанците.

Невладината организација инсистира на создавање независен истражен механизам во земјата.

– Ситуацијата со човековите права во Авганистан брзо се влошува и немилосрдните злоупотреби на талибанците продолжуваат секој ден, рече Аниес Каламар, генерален секретар на Амнести интернешнел.

Организацијата ги документирала злосторствата извршени од членовите на талибанците од нивното враќање на власт, како што се притворање на бранители на правата на жените, новинарите и цивилите во провинцијата Панџшер, како и масовните убиства на припадниците на етничката група на хазарејците во три други провинции.

Време е јавните изјави на меѓународната заедница да бидат проследени со конкретни активности, рече Каламар.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азиските берзи пораснаа, доларот ослабе

Следно

Владиката Наум во сослужение со грчкиот митрополит Дамаскин отслужи божествена литургија во Дидимотихо

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop