АЛКАЛОИД со убедлива победа на стартот на Европскиот шаховски клупски куп

October 21, 2024
1 min read

ШК Алкалоид успешно стартуваше на Европскиот шаховски клупски куп, кој се игра во Врњачка Бања, Србија, од 20 до 26 Октомври, совладувајќи ја екипата „Vasa SK“ од Шведска со 5,5:0,5 поени.

Велемајсторот Еригаиси Ајрун, кој со 2797 рејтинг поени во моментов е трет играч на светската листа, на првата табла за екипата на Алклалоид, со црни фигури ја започна серијата и победи во мечот. Во многу остра, динамична борба го надигра велемајсторот Том Ведберг. Веднаш по него, повеќекратниот Шампион на Македонија, Филип Панчевски, на шестата табла, со сигурна игра уште во рана фаза на партијата го „отвори противничкиот крал“ и по само 21 потег при големи материјални загуби противникот ја предаде партијата. Следеа сигурни, рутински победи и на Веи Ји и Нарануан С.Л. на втората, односно четвртата табла. Со победата на Ју Јангји, кинескиот велемајстор кој веќе петти пат ги брани боите на Алкалоид на Европските купови, во топовска завршница на тртетата табла, фармацевтите поведоа со 5:0. Последен својата партија ја заврши српскиот Велемајстор Велимир Ивиќ, и покрај долга борба, во далечна завршница, не успеа да го скрши отпорот на противникот, за конечен резултат 5,5: 0,5.

На овогодинешното издание на највисокото клупско натпреварување во светот, учествуваат рекорден број –  84 екипи во машка конкуренција, а ШК Алкалоид на стартната листа, според просечен рејтинг на играчите 2730, е второрангирана екипа. Конкуренцијата е многу силна, и дури пет екипи се рамноправни фаворити за првите места. Во првото коло не се случија поголеми изненадувања, при што сите фаворити остварија високи победи.

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата од Словачка „ŠK K Cero Invest Nitra“, која на стартната листа е 23-то рангирана.

Истовремено се игра и Европски клупски куп во женска конкуренција, на кој играат 18 екипи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна вакцинацијата против сезонски грип: Обезбедени 70 илјади бесплатни вакцини за ризичните групи

Следно

Во Собранието промоција и свечено пуштање во употреба на „глувата соба“ и заштитениот работен простор

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop