„Албанците небезбедни во земјава“: Села бара заштита на националниот идентитет

November 3, 2024
1 min read

АА започна со партиски собири, под мотото Заседаваме со Албанците. Лидерот на партијата, Зијадин Села во својот говори упати критики до албанскиот фактор во влада, бидејќи само ги легитимира, како што ги нарече, антиалбанските политики на ВМРО-ДПМНЕ.

-На политичката сцена дојдоа со антиалбанизам, водејќи кампања дека ќе го укинат балансерот, правото на употреба на албанскиот јазик, итн, итн и денес ги реализираат. Албанскиот политички фактор во влада не прави ништо. Напротив, ги легитимира и го релативизира злото кое ни се заканува како народ, изјави Зијадин Села од АА.

Села рече доколку постојано се прекршува легитимитетот, Албанците ќе завршат на милост или немилост на Мицкоски, Петко, Трајко. Според него, Албанците не се чувствуваат безбедни на милоста на овие луѓе, кои како што рече, и во 80-те не им дозволија на нашите родители да им даваат на своите деца албански имиња.

-Нам ни треба систем кој ќе го направи Албанецот недопирлив како и малцинските заедници. Преку уставниот суд и правото на етничка припадност тие ни го одземаа правото да ги запишуваме децата исто како и нашите родители. Денес во матичните книги и изводи немаш право да го запишеш детето дека е Албанец. Денес ни кажуваат приказни од типот дека етничката припадност била чувство. Етничката припадност е форма на живеење, таа е тоа што ни биле родителите, таткото, дедото и прадедото, вели Зијадин Села од АА.

На крајот Села рече дека сите оние што мислат дека можат да не понижат, тоа нема да се случи бидејќи како што додаде, можат само да ја зајакнат нашата кауза. Инаку овој собир АА, крилото на Села го одржа во Албанскиот театар во Скопје. Како што соопшти Села, ваквите собири ќе продолжат во сите градови каде што живеат Албанци.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарска компанија вршела надзор на реконструкцијата на железничката во Нови Сад

Следно

Жена се обидела да киднапира дете во паркот во Ѓорче Петров

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop