Ако претседателските и парламентарните избори догодина се редовни, не може да се одржат заедно

April 8, 2023
2 mins read

Мандатот на претседателот Пендаровски истекува на 12 мај 2024 година, а на пратениците на 4 август, па кога ќе се вкрстат роковите од Уставот и од Изборниот законик, се доаѓа до заклучок дека тие се совпаѓаат само пет дена што е недоволно за истовремено одржување на изборите за шеф на државата и за пратеници (ако тие се редовни)

Ако претседателските и парламентарните избори следната година се организираат во редовните законски рокови, невозможно е да се совпаднат, анализираше Марко Кртолица, доцент на Правниот факултет при УКИМ, во синоќешното издание на емисијата „360 степени“. Со други зборови, невозможно е изборите за шеф на државата и за пратеници ем да бидат редовни ем да се одржат во исто време.

Политикологот Благојче Атанасоски и доцент Марко Кртолица во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат

Кртолица посочи на уставните и законските рокови кои велат дека изборите за претседател на државата се одржуваат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот шеф на државата. Со оглед на тоа што мандатот на претседателот Стево Пендаровски истекува на 12 мај 2024 година, враќајќи се 60 дена наназад се доаѓа до 14 март, како почеток на рокот во кој треба да се случат избори за шеф на државата.

Од друга страна, изборите за пратеници се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на сегашните. Актуелното Собрание се конституираше на 4 август 2020 година, па со враќање 90 дена наназад, се доаѓа до 7 мај како почеток на периодот во кој треба да се организираат редовни избори за пратеници. Совпаѓањето на двата рока е само пет дена што е видливо и од графичкиот приказ подолу (обоен во зелено) што, имајќи предвид дека изборот на шеф на државата не завршува само со гласање туку треба да се земат предвид и роковите за приговори и тужби, ја прави невозможна опцијата за истовремено одржување, на пример, на втор круг од претседателските и парламентарните избори – во редовните уставни и законски рокови.

Во случај на редовни претседателски и парламентарни избори, рокот во кој треба да се спроведат се совпаѓа само пет дена (обоен во зелено на графичкиот приказ)

На новинарска констатација дека Уставот предвидел и ситуација дека кога нема шеф на државата, вршител на таа функција е претседателот на парламентот, Кртолица одговори дека таа опција не е најдобра.

„По мене, вистинската насока во која ние треба да се движиме е претседателот да биде избран и да се обезбеди континуитет. Да избегнеме состојба во која би имале дисконтинуитет меѓу стариот и новиот претседател, со цел да избегнеме каква било неизвесност“,

вели Кртолица.

Притоа, Кртолица рече дека при распишување на изборите за шеф на државата, претседателот на Собранието ќе треба да биде внимателен и точно да ги предвиди изборните рокови. Евентуалниот втор изборен круг, роковите за приговори до Државната изборна комисија итн., треба да завршат пред 12 мај за на тој датум новиот претседател да може да ја преземе функцијата, сè со цел да се обезбеди континуитет, вели тој.

Во истата емисија, политикологот Благојче Атанасоски рече дека е јасно оти законски утврдените рокови упатуваат на тоа дека ако догодина се случат редовни парламентарни избори, тогаш тие ќе бидат одвоени од претседателските, нешто што, пак веќе е искажан став и на премиерот Димитар Ковачевски. Но, ако има политичка согласност меѓу власта и опозицијата, тогаш Собранието може да се распушти и да се случат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, под притисок на опозицијата.

„Се соочуваме со различни стојалишта. Мислам дека владејачката партија СДСМ, заедно со сите коалициски партнери, оди во насока да договори еден претседателски кандидат заедно со, условно кажано, етнички албанските политички партнери, тука пред сè мислам на ДУИ и Алијанса за Албанците, сметајќи дека на куп ќе ги собере гласовите од сите етнички заедници и дека на тој начин СДСМ ќе победи со својот кандидат, па на бранот на таа евентуална победа ќе се создаде еден вид кревање на моралот на членството дека после победата на претседателските избори, би следувала номинално победа и на парламентарните“,

вели тој.

Атанасоски додаде дека ваквите намери му се познати на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потсетувајќи на неговиот став дека ако парламентарите избори се одржат во 2024 година, тој ќе инсистира да бидат споени со претседателските, а во спротивно од партијата доаѓаат пораки дека тие би ги бојкотирале претседателските.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени две малолетнички кои краделе од Трговски центар во Гази Баба

Следно

Мексико: Спасена група туристи кои претходно биле киднапирани од вооружени банди

Latest from Blog

Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

Италијанските клубови испишаа негативна историја во Лигата на шампионите. За првпат досега, екипите од Серија А забележаа четири порази во едно коло од елитното европско натпреварување. Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се

Милошоски: СДСМ остави отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за Македонскиот јазик во ЕУ

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост. „Една од тезите со која Филипче ја

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Франција драматично ќе ја промени својата надворешна политика и целосно ќе ги замрзне сите финансиски и економски инјекции за Украина во рок од само шест месеци доколку таа победи на претстојните претседателски
Go toTop