Македонија останува под магла

January 26, 2025
1 min read

Како што извести Управата за хидрометеоролошки работи, денеска не очекува променливо време со сончеви периоди, а во котлините остануваат маглата и ниската облачност.

Температурите утрово ќе се движат од -3 до 3 степени, а максималната температура се очекува да достигне од 8 до 16 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, а особено на повисоките места и на планините и релативно топло време. Висината на снежната покривка позначително ќе се намалува од средината на следната недела. По котлините и понатаму од наутро ќе биде со магла и постудено.

Повремени врнежи од дожд претежно во западните делови ќе има во среда.

Од АМСМ информираа дека утрово сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози и намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. во Д.Капија и Петровец – Велес.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Турското МНР го осуди нападот на терористичката ПКК врз ирачките војници

Следно

Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд

Latest from Blog

Орце Ѓорѓиевски најави катни и монтажни гаражи низ цело Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави конкретни решенија за еден од најгорливите проблеми во главниот град – недостигот од паркинг-места. „Проблемот со паркирањето ќе го решаваме со изградба на

Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, во рамки на редовните активности, денеска оствари работна посета на СВР Тетово, каде што одржа средба со раководството на Регионалниот сектор. На

Официјално: Костов во Ц. Звезда до 2028! (ФОТО)

ФОТО:Crvenazvezdafk.com Сега веќе е и официјално. Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов кој има македонски корени, го продолжи договорот со Ц. Звезда до 2028 година. Како што е познато, за
Go toTop