Сабаленка: Дефинитивно има мало разочарување бидејќи бев блиску до постигнување на нешто неверојатно

January 25, 2025
1 min read

Двократната шампионка и светски рекет број еден, Арина Сабаленка го скрши рекетот и дури накратко го напушти теренот пред церемонијата на трофејот, кога нејзината кандидатура за трета последователна титула на Австралија опен заврши со пораз од 6:2, 5:7 од Американката Медисон Кис.

-Дефинитивно има мало разочарување бидејќи бев многу блиску до постигнување на нешто неверојатно. Кога си таму, се бориш, но изгледа дека не оди се како што навистина сакаш. Едноставно требаше да ги преболам тие негативни емоции на крајот за да можам да зборувам и да не стојам на теренот покажувајќи непочитување. Само се обидував да се справам со разочарувањето и да бидам добра личност, изјави Сабаленка по поразот.

Таа победи на 20 последователни натпревари во Мелбурн и уште една победа ќе и овозможеше да стане првата жена по Мартина Хингис од 1997-1999 година која освоила три последователни титули во Австралија.

„Во ред е. Мислам, јас сум таа што знае дека по големите порази доаѓаат големи победи. Затоа ќе продолжам да работам и да се уверам дека следниот пат кога ќе бидам во таква ситуација, ќе играм подобро, коментира таа.

Кис освои само поен повеќе од Сабаленка во мечот – 92-91. Имаа исто толку „винери“ – по 29. Во третиот сет Американката немаше брејк до последниот гем.

-Таа играше супер агресивно. Се чинеше дека сè и оди. Во одредени моменти само се обидував да ја вратам топката, изјави Белорусинката.

Сабаленка, која беше финалист во 2023 година и го освои УС Опен во септември минатата година, не успеа да ја напушти Австралија со четвртиот Гренд слем трофеј. За време на нејзиниот говор во саботата, таа се пошегува на сметка на својот тим.

-Како и секогаш, вие сте виновни, момци. Не сакам да се видиме следната недела. Навистина ве мразам!, рече таа низ смеа и додаде: „Ви благодарам многу за се што правите за мене“.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

Следно

Денот во 60 секунди – Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, МВР прими 497 нови полицајци

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop