Холандија ремизираше против Австрија, Македонија очекува подвиг против Франција

January 25, 2025
1 min read

Машката ракометна репрезентација на Холандија нема да игра во четвртфиналето на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска, бидејќи наместо потребните два бода во последното коло од втората фаза, во дуелот со Австрија зеде само еден – 37: 37.

Што, без разлика на исходите од преостанатите натпревари во групата 2, ги остави на третата позиција, со пет бода, зад недопирливите Франција (8) и Унгарија (5), а селекцијата на Македонија има шанса да им им се приклучи на „триколорите“ доколку победи во дуелот вечерва против растеретените Французи.

„Лалињата“ го добија првото полувреме со голем број на голови (19:17), имаа и +1 на четири минути до крајот (35:34), но на крајот бркаа нерешен резултат и го добија, иако овој исход не ги остави во игра за топ 8.

Жолто-црвените сега имаат шанса, иако сите адути се на француската страна. Но, во спортот се е можно, дури и инспирираните избраници на Кирил Лазаров да направат подвиг.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена видливост поради магла во Охрид, Демир Капија, Петровец-Велес и Велес-Штип

Следно

Интервју со Јелена Зориќ

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop