Сиљановска Давкова: Успешната приказна нека продолжи да се развива!

January 25, 2025
1 min read

Честитки по повод 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот фејсбук профил.

„Американското катче е можност, пред сè, младите луѓе да бидат во контакт со американската култура, но и американските вредности, да го изучуваат англискиот јазик, да го знаат значењето на волонтерството, медиумската писменост, па и безбедноста.

Тоа е еден од симболите или центри на македонско-американското пријателство и партнерство, значаен показател за заемно разбирање и почитување, соработка која во фокусот ги има младите лидери во сите области како идни двигатели на општествените односи и промени“, наведува во објавата.

-Успешната приказна нека продолжи да се развива! Добриот дух на пријателство и соработка нека ги допре чувствата на оние кои веруваат во долговечноста на македонско-американското пријателство – е пораката што ја споделив со младите на настанот, додава Сиљановска Давкова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешкиот живот на 19 годишна девојка од Скопје, мајката со солзи во очите раскажува: „Ако не се оперира, состојбата ќе се влоши“

Следно

Шефот на руското разузнавање подготвен за разговори со шефот на ЦИА

Latest from Blog

Нападнати здравствени работници во Конго среде епидемија на ебола- украле тело на починат

Жителите нападнаа тим за безбеден погреб во покраината Јужен Киву во Демократска Република Конго оваа недела, принудувајќи ги здравствените работници да го остават ковчегот зад себе, предизвикувајќи страв од понатамошно ширење на

Љатифи: Македонија станува важна точка за енергетска соработка на Балканот

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, оценува дека одржувањето на Македонскиот енергетски форум во Скопје е значаен чекор кон позиционирање на државата како регионален центар за дијалог и соработка во енергетскиот сектор на
Go toTop