Тешкиот живот на 19 годишна девојка од Скопје, мајката со солзи во очите раскажува: „Ако не се оперира, состојбата ќе се влоши“

January 25, 2025
1 min read

Вака изгледа секојдневието на 19 годишната Џенета.

За да се движи потребна и е помош, бидејќи од раѓање страда од епилепсија и сколиоза, што претставува искривување на рбетот.

Најголемиот товар го носи мајка ѝ, Аида. Таа ја облекува, храни и ѝ помага да оди.

Нејзината грижа е толку голема што воопшто не можеше ни да ни опише со зборови.

„Тешко е, кој сака нека каже…“, рече Аида Рамуш.

Оваа мајка на пет деца од Шуто Оризаре, Скопје, вели дека лекарите во Македонија воопшто не и дале надеж за успешна операција.

ТВ21: Во Македонија што ви имаат кажано?
Рамуш: Или ќе остане во кома или нема да излезе жива од сала!
ТВ21: Ова ви го има кажано анестезиологот?
Рамуш: Да!

Оваа мајка се бори цели 19 години, нејзиниот сон е да ја види Џенета да застане на нозе, без ничија помош.

Подобрување на состојбата е можно само во Турција, но сумата е голема за условите на семејството, 27 илјади евра.

Операцијата треба итно да се направи, бидејќи како што велат лекарите, а и мајката на Џената, постои опасност од болеста да дојде до оштетување на внатрешните органи.

Рамуш: Од луѓето барам помош да ми помогнаат за Џенета бидејќи има потреба од операција во Турција.
ТВ21: Колку чини операцијата?
Рамуш: Потребни се 27 илјади евра. Доколку не се оперира, состојбата ќе и се влоши.

Се поздравивме со семејството Рамуш со надеж во добронамерните луѓе, со нивна помош да и се олесни животот на Џената и да и ја вратиме насмевката на нејзината мајка.

ГРАФИКА
СТОПАНСКА БАНКА
200002612500119
СЕЛАЈДИН РАМУШ
SWIFT: STOBMK2X
IBAN MK07200004236094946

ТЕЛЕФОН ЗА КОНТАКТ 078 391 772

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Што се Брахицефаличен синдром и дискус хернија болести кои се почесто ги напаѓаат домашните миленици

Следно

Сиљановска Давкова: Успешната приказна нека продолжи да се развива!

Latest from Blog

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди
Go toTop