Спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители

January 20, 2025
1 min read

СДС и грижа за спортот? Тоа е како да зборуваме за зимата и пустината – едно со друго е во тотална спротивност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дека СДС биле на страната на спортот, знаеме само од бајките што самите си ги раскажуваат. Реалноста е сосема поинаква – спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители.

Прво, ги прашуваме:

Каде беше вашата грижа за спортот кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа?

Дали заборавивте дека под ваша власт спортот стана приватна партиска прчварница, каде вашите „миленичиња“ добиваа милиони, а клубовите со вистински успех едвај преживуваа?

Вашиот систем на ваучери беше скандалозен – едни добиваа се’, други – ништо. Токму затоа се воведува нов, поправеден систем, каде што се вреднуваат вистинските заслуги и потенцијал, а не партиската книшка.

Не заборавајте го случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Ете таква беше вашата „грижа“ за спортот.

СДС повторно користи спортот за евтин политички театар. Но, бројките се јасни:

– Под ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на вистинските патеки.

– Исплатите се транспарентни и базирани на заслуги, а не на „Партиско тефтерче на Заев.“

И за крај, министерот Ристовски нема да поднесе оставка. Но, ако некому му е потребна оставка, тоа е на СДС – за целата штета што му ја нанесовте на спортот и на Македонија.

Спортот нема да биде ваш политички заложник.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради силен спортски систем – без корупција, без манипулации, без СДС!. додаваат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МФ: Исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Следно

Палестинците во Газа наидоа на масовни разурнувања при враќањето во своите домови

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop