Инфантино се сретна со Трамп: Разговаравме за Светското првенство 2026

January 18, 2025
1 min read

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговата приватна резиденција на Флорида.

– Беше чест да се сретнам со американскиот претседател Доналд Трамп пред неговата претстојна инаугурација. Разговаравме за Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи ова лето, и за Светското првенство во фудбал во 2026 година, напиша Инфантино на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на Трамп за вниманието и што се согласи да ја поддржи ФИФА во наредните месеци.

– Америка пречекува гости од целиот свет, а фудбалот го обединува целиот свет! – додаде првиот човек на ФИФА.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во три земји: САД, Мексико и Канада, од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините

Следно

Поради Водици: Посебен сообраќаен режим во Скопје

Latest from Blog

Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

Со оваа соработка се поставува нов стандард во индустријата во Европа Договорите во Тексас, САД, ги потпишаа Гелерт Јасаи, претседател и главен извршен директор на Групацијата 4iG, и Гвин Шотвел, претседателка и

Официјално: Мудрик со дресот на Тотенхем (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/TottenhamHotspur/ Тотенхам потврди – Михајло Мудрик е нов член на тимот на Роберто Де Зерби. Оваа вест беше објавена еден ден претходно, а многумина не се изненадени од фактот дека Роберто Де
Go toTop