Блинкен: Неодговорна е одлуката на Русија да го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје

February 21, 2023
1 min read

Внимателно ќе следиме што конкретно прави Русија. Се разбира, ќе се погрижиме во секој случај да сме подготвени да ја заштитиме безбедноста на нашата земја и безбедноста на нашите сојузници

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека одлуката на Русија да го суспендира учеството во Договорот за намалување на нуклеарното оружје е длабоко несреќна и неодговорна.

Блинкен рече дека администрацијата на Бајден останува подготвена да разговара за договорот за нуклеарно оружје без оглед на се друго што се случува во светот.

„Ќе набљудуваме внимателно за да видиме што всушност прави Русија. Се разбира, ќе се погрижиме во секој случај да сме подготвени да ја заштитиме безбедноста на нашата земја и безбедноста на нашите сојузници. Мислам дека е важно да продолжиме да се однесуваме одговорно во оваа област, тоа е исто така нешто што остатокот од светот го очекува од нас“,

рече Блинкен од Атина, каде имаше средба со својот колега Никос Дендиас.

Рускиот претседател, во своето денешно обраќање пред руската Дума, рече дека Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ).

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори тоа.

За почетокот на конфликтот во Украина, Путин го обвини Западот при што рече дека западните земји, на чело со САД, бараат „неограничена моќ“ во светскиот поредок. Рускиот претседател, исто така, рече дека Москва им пркоси на обидите на Западот да ја уништат руската економија со невиден пакет санкции и додаде дека за Западот се во прашање милијарди долари, но дека приходите на Русија не пресушиле.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири лица претепале млад скопјанец во Гази Баба

Следно

Бербок: Светот го повикува Путин да не прибегнува кон нуклеарни закани

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop